03.02.2025

.

Организацијата на финалниот турнир на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2025 е доделена на КК „Кожув“ од Гевгелија

Согласно со пропозициите за натпреварување на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2025 во машка и во женска конкуренција, Македонската кошаркарска федерација распиша конкурс за техничка организација на завршниот турнир од ова натпреварување.

По предвидениот рок за испраќање на пријави за добивање на организацијата, донесена е одлука организацијата на финалниот турнир за натпреварувачката сезона 2024/2025 година, да му се додели на КК „Кожув“  од Гевгелија.

Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат во машка конкуренција односно во „Фајнал-фор“ формат во женска конкуренција, ќе се одигра во периодот од 13. до 15. февруари, 2025 година, во спортската сала „26. Април“ во Гевгелија.  

МАЖИ:

Согласно претходното, формирани се следните четвртфинални (1/4) двојки кои ќе разигруваат во завршницата на Купот на РС Македонија за 2025 година, „Благоја Георгиевски - Буштур“

Четвртфинале (1/4):  
Двојка 1.   (1) КК „ТФТ АД“   -   (8) КК „Гостивар АД“, 13.02.2025 година, четврток,  
Двојка 2.   (2) КК „Пелистер АД“   -   (7) КК „Чаир 2030 АД“, 13.02.2025 година, четврток,
Двојка 3.   (3) КК „МЗТ Скопје Аеродром АД“ -  (6) КК „Работнички АД“, 13.02.2025 година, четврток,
Двојка 4.   (4) МКК „Куманово АД“ -  (5) КК „Кожув АД“, 13.02.2025 година, четврток,    

Полуфинале (1/2):  Победник од двојка 1 со победник од двојка 4, 14.02.2025 година, петок (Двојка 1).
Победник од двојка 2 со победник од двојка 3, 14.02.2025 година, петок (Двојка 2).  

Финале:  Победник од двојка 1 со победник од двојка 2, 15.02.2025 година, сабота. 

 

ЖЕНИ:

Согласно членот 23 од Правилникот за натпреварување во сениорските лиги, екипи кои ќе се натпреваруваат во завршницата од Купот на Република С. Македонија кој ќе се одигра 14-15.02.2025 година се:  

Полуфинале (1/2):  Двојка 1.   (1) ЖКК „Крива Паланка“   -   (4) ЖКК „Вардар“, 14.02.2025 година, петок,
                                Двојка 2.   (2) ЖКК „Баскет Кам“   -   (3) ЖКК „Бадел 1862“, 14.02.2025 година, петок,    

Финале:  Победник од двојка 1 со победник од двојка 2, 15.02.2025 година, сабота.