Осмото коло од Првата лига во женска конкуренција даде уште една потврда. Дека во конкуренција за највисоките позиции на табелата се три екипи. Освен лидерот, и екипата со максимален ефект-Вардар, тука се само уште екипите на Бадел 1862 и на Струга 2009.
Во овој круг од натпреварите, Вардар беше убедлив против екипата на Шкупи (75:33), за осма последувателна победа. На победа зад девојките во „црвено-црна“ комбинација се не донесе некои големи промени, кога се во прашање водечките екипа на табелата.
Бадел 1862 беше за 20.поени подобар од Баскет КАМ (77:57), додека стружанки беа уште поубедливи во дуелот со Гостивар 2009, победија со (82:50).
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
Трокал – Студент Академија 37:52
Струга 2009 – Гостивар 2009 82:50
Вардар – Шкупи 75:33
Бадел 1862 – Баскет КАМ 77:57
Патриот 2016 – Пробаскет Академија одложено
19.12: Пантери – Крива Паланка
ТАБЕЛА: Вардар 16, Бадел 1862 15, Струга 2009 15, Баскет КАМ 13, Студент Академија 12, Крива Паланка 11 (-1), Гостивар 2009 11, Пробаскет Академија 10 (-1), Пантери 9 (-1), Шкупи 9, Трокал 9, Патриот 2016 8 (-1)
ИДНО КОЛО (21.12)
Баскет КАМ – Патриот 2016
Пробаскет Академија – Пантери
Студент Академија – Бадел 1862
Шкупи – Струга 2009
Гостивар 2009 – Трокал
Крива Паланка - Вардар