01.02.2021

Бекот на Куманово 2009 имаше најдобар ефект во првиот месец од 2021 година

Отис Ливингстон е МВП на БИБЛ за јануари

Бекот на Куманово 2009, Отис Ливингстон е најкорисниот играч во Лигата на Балканот за изминатиот месец. Американецот имаше многу битна улога во тимскиот успех на „сино-белите“ кој беше потврден со пласман во следниот круг од натпреварите во регионалната лига.

Откако му се придружи на нашиот претставник на почетокот на оваа година, одигра четири натпревари. А Куманово 2009 доби три од нив, доволни за премин во следната фаза од натпреварите.

Неговата најдобра игра беше на гостувањето во Рожаје. Против Ибар, кога оствари индекс-32, откако реализираше 24.поени, 7.асистенции и 4. скока. Имаше и одлично деби во дуелот со Академик во Куманово, 21.поен и 9.асистенции.

Новиот бек на Куманово 2009 дојде до просек од 17.8 поени, 5.8асистенции и 2.3 скока на овие четири средби.

Односно индекс 20.5, најдобар во натпреварувањето во првиот месец од 2021 година.