10.03.2020 Националните федерации, меѓу кои и нашата, кои се партнери во проектот за развој на млади кошаркарски таленти насловен „Заедно до М16“ донесоа одлука да го одложат одржувањето на турнирот кој беше предвиден да се одигра претстојниот викенд во Косово. По препораките на Владата на нашата држава заради ширење на корона вирусот, Кошаркарската Федеација го следеше примерот и се согласи со своите партнер-федерации да се пролонгира одржувањето на турнирот. Новиот термин за собир на репрезентациите, како и за одржување на турнирот во Косово ќе биде дополнително објавен.