28.10.2021

Крајниот рок за аплицирање е вторник, 23 ноември (23:59 по средноевропско време).

Отворен е периодот за акредитација на медиуми за првиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за СК 2023

Почитувани претставници на медиумите,

Периодот на акредитација на медиумите за првиот „прозорец“ од квалификациите за Светското првенство во кошарка на ФИБА во 2023 година е во тек.

Првиот прозорец од квалификациските натпревари ќе се игра од 22 до 30 ноември 2021 година.

Крајниот рок за аплицирање е вторник 23 ноември (23:59 по средноевропско време).

Форматот на квалификациите за Светското првенство во кошарка ФИБА 2023 година ќе остане непроменет од циклусот 2017-2019 година, со шест прозорци во период од 15 месеци во четирите региони на Африка, Америка, Азија (вклучувајќи ја и Океанија) и Европа.

АПЛИКАЦИЈА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКИОТ КУП 2023