29.06.2021

Членовите на Здружението на кошаркарските тренери ќе може да ги следат предавањата од националниот спортски камп

„Отворени тренинзи“ со професорите Ненад Труниќ и Александар Живковиќ

Кошаркарските тренери од нашата земја, кои се членови на Здружението на кошаркарски тренери на С.Македонија, во наредните денови ќе имаат одлична можност да ги збогатат своите знаења поврзани со кошаркарскиот спорт.

Здружението на кошаркарските тренери, во договор со раководителот на националниот кошаркарски камп „Скопје 2021“, Професор Ненад Труниќ, во наредните денови од викендот ќе има „пристап“ до предавањата и тренинзите кои искусниот тренер ќе ги спроведе за време на завршниот дел од кампот „Развој  на играчи до 13 години“ кој деновиве се одвива во салите на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Согласно со програмата, сите заинтересирани тренери, кои ќе се пријават на меил адресите:

alekjoncevski@yahoo.com

trenerska@basketball.org.mk

најдоцна до 1. јули (четврток), до 20.часот, ќе може да ги проследат тренинзите на докторот по кошарка, како и неговиот соработник, професор Александар Живковиќ, специјалист за кондициска подготовка.

Според планираните активности, заинтересираните тренери ќе може да ги следат тренинзите на 2, 3. и на 4. јули, кои се предвидени од 8. до 10. часот претпладне, односно од 18.до 20. часот попладне, во салата на СРЦ „Кале“.

Проф. Труниќ ќе ги презентира своите огромни знаења на темата „Работа со играчи на возраст од 11 до 13. години“, додека пак Проф. Живковиќ ќе се осврне на темата „Кондициска подготовка на млади играчи“.

РАСПОРЕД НА ТРЕНИНЗИ-ПРЕДАВАЊА

2.ЈУЛИ (ПЕТОК): 18-20 часот

3.ЈУЛИ (САБОТА): 08-10 и 18-20 часот

4.ЈУЛИ (НЕДЕЛА): 08-10 часот