Ниту еден сегмент од општествениот живот не може да се замисли без присуството на жената, а само еден ден во календарската година не е доволен за да се потсетиме на нееднаквоста на половите која сè уште е присутна во нашето секојдневие. Во екот на 21. век, светот е сведок на движење кое ги истакнува вредностите на жената и нејзината улога како рамноправна и еднаква членка во општеството. Со различни активности, жените ширум светот ја водат борбата за еднаквост, која е активна повеќе од 100 години. Некои од нив го одбираат спортот како алатка.
Македонската кошаркарска федерација, со помошта на жени во кошарката (тренери, судии, делегати, доктори...) го одбележа денот на жената со поддржување на активната кампања на ФИБА насловена како #HerWorldHerRules и одржа час по кошарка со девојчињата од второ одделение при Основното Училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Целта беше запознавање на девојчињата со спортот и со придобивките кои ги нуди во секој аспект од животот.
Жени, бидете силни, самоуверени и верувајте во себе и своите способности! Среќен 8. март!
Сите фотографии од одбележувањето на денот на жената се објавени на следниот ЛИНК.