По мало одложување кое го предизвикаа проблемите со корона-вирусот, овој викенд, на 23 и на 24 октомври ќе започнат натпреварите водел од нладинските лиги. Први на програмата ќе се појават екипите кои испратија пријави за настап во М18 лигата во машка конкуренција.
Во сезоната 2021/2022 ќе се натпреваруваат вкупно 26 екипи, поделени во три групи, една прва и две втори лиги.
По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се следниве екипи:
ПРВА ЛИГА: ФЕНИКС 2010, РАБОТНИЧКИ, КУМАНОВО, МЗТ СКОПЈЕ А, ВОДНО САНС,ВАРДАР,ТФТ,ШКУПИ
ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Н.А.ФМП, РАБОТНИЧКИ 2018, СТРУМИЦА, ЕУРО НИКЕЛ 2005, КОЖУВ, ДИНО БАСКЕТ, БОРЕЦ БАСКЕТ, РИНИА, АНГЕЛИ
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: ЦРН ДРИМ, ГОСТИВАР, ПЕЛИСТЕР, ЧАИР 2030, ВОДНО САНС 2, АЛБЕС, ДЕНИ 4, ФЕНИКС 2010 2, ГКК ОХРИД
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
ПРВА ЛИГА
Лигата ќе биде составена од осум екипи, земајќи го во предвид пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М-18).
Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 14. кола. По одигрување на натпреварите од 14. кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со ОРОЛОЏО систем односно дополнителни осум кола. По одигрување на натпреварите од првата фаза, и добивањето на конечниот пласман од 1-8, натпреварувањето продолжува на следниот принцип:
ВТОРА ФАЗА
Првопласираните четири екипи од Прва лига во разигрувањето од прв круг се слободни. Второпласираните четири екипи од Прва лига односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со првопласираните четири екипи добиени по ОРОЛОЏО системот од Втора лига, по следниот систем:
РАЗИГРУВАЊЕ:
1 нат: П5 – В4
2 нат: П6 – В3
3 нат: П7 – В2
4 нат: П8 – В1
* (П) Прва лига, (В) Втора лига
Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар. Победниците од разигрувањето се пласираат во четвртфинале и ќе разигруваат по следниот принцип.
ТРЕТА ФАЗА
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
А нат: Првопласиран А1 – Победник од 4 нат,
Б нат: Второпласиран А2 – Победник од 3 нат,
В нат: Третопласиран А3 – Победник од 2 нат,
Г нат: Четвртопласиран А4 – Победник од 1 нат,
Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар. Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-18 (Мажи) и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2021/2022.
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ:
ПФ - 1: Победник од нат.-А со Победник од нат.-Г,
ПФ - 2: Победник од нат.-Б со Победник од нат.-В,
Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место, додека победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за Државен првак за 2021/2022 година.
ВТОРА ЛИГА
Лигата ќе биде поделена во две групи (ИСТОК и ЗАПАД) и истите ќе бидат составени од исток (девет екипи) и запад (девет) екипи, земајќи го во предвид територијалниот принцип, пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М-18) и новопријавените екипи за следнава натпреварувачка сезона.
Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно, Исток 18. кола, Запад 18.кола. По одигрување на натпреварите од 18 кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со ОРОЛОЏО систем односно дополнителни седум кола за прво пласираните четири екипи од групите Исток и Запад.
По одигрување на натпреварите од првата фаза и добивањето на конечниот пласман вкупно четири екипи од Втора лига, натпреварувањето продолжува на следниот принцип.
ВТОРА ФАЗА
Првопласираните четири екипи ќе се пласираат за понатамошно разигрување. Второпласираните четири екипи од Прва лига односно екипите
кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со првопласираните четири екипи добиени по ОРОЛОЏО системот од Втора лига по следниот систем:
РАЗИГРУВАЊЕ:
1 нат: П5 – В4
2 нат: П6 – В3
3 нат: П7 – В2
4 нат: П8 – В1
* (П) Прва лига, (В) Втора лига
Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домакин на првиот натпревар. Победниците од разигрувањето се пласираат во четвртфинале и ќе разигруваат по следниот принцип.
ТРЕТА ФАЗА
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
А нат: Првопласиран П1 – Победник од 4 нат,
Б нат: Второпласиран П2 – Победник од 3 нат,
В нат: Третопласиран П3 – Победник од 2 нат,
Г нат: Четвртопласиран П4 – Победник од 1 нат,
Сериите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.
Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-18 (Мажи) и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачата сезона 2021/2022.
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ:
ПФ - 1: Победник од нат.-А со Победник од нат.-Г,
ПФ - 2: Победник од нат.-Б со Победник од нат.-В,
Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место, додека победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за 2021/2022 година.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО М-18-МАЖИ-ПРВА ЛИГА
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО М-18-МАЖИ-ВТОРА ЛИГА-ИСТОК
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО М-18-МАЖИ-ВТОРА ЛИГА-ЗАПАД