08.10.2021

По изменет систем и формат, ќе се бараат двете најдобри екипи кои во наредната сезона ќе играат во Првата лига

Овој викенд почнува и сезоната 2021/2022 во Втората лига-мажи

Со изменет систем, и помал број на екипи учесници од сабота ќе стартуваат и натпреварите во Втората лига-мажи.

Во сезоната 2021/2022 тргнуваат 12. екипи, со цел да бидат меѓу првите две кои догодина ќе го имаат статусот на прволигаши.

Во првиот дел ќе се игра според двокружен бод систем - ФИБА-БЕРГЕР, дваесет и две  кола. По принцип „секој со секого“, односно еднаш дома, еднаш на гости.

Екипите од првото до осмото место играат плеј оф завршница, додека екипите пласирани на деветто и десетто место остануваат во Втората лига мажи за следната натпреварувачка сезона 2022/23 година. Двете последно пласирани екипи, во следната натпреварувачка сезона 2022/23 ќе се натпреваруваат во Трета лига мажи.

Во втората, односно плеј-оф фаза, натпреварувачките броеви се одредуваат според пласманот на првите осум екипи по завршувањето на првиот дел од Се игра во два добиени натпревари од најмногу три  можни натпревари. Првиот натпревар се игра на теренот на подобро пласираната екипа.

Победниците од четирите четвртфинални двојки ќе играат во полуфиналната серија, која исто така, се игра во два добиени натпревари од најмногу три можни натпревари, по следниот распоред:

Победниците од двете полуфинални серии се пласираат во Првата лига-мажи за сезона 2022/23 година, и ќе играат еден натпревар за првак во Втората лига мажи за сезона 2021/22 година.

Поразените полуфиналисти ќе играат за трето и четврто место во Втората лига мажи за сезона 2021/22 годима

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 1. КОЛО

САБОТА:

13.00: Струмица – Црн Дрим

Сала „Парк“ - Струмица

14.30: Вардар – Тетекс ТТК

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

18.00: Соколи 1933 – Баскет КАМ

Сала „Јордан Мијалков“ - Штип

НЕДЕЛА:

18.00: Чаир 2030 – Хераклеа

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

11.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

19.00: Борец Баскет – Партизан Водно Санс

Сала „Гемиџии“ - Велес

13. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

19.00: Шкупи – Охрид

Сала „Шабан Трстена“ - Скопје