27.12.2019

Распоред на активности

ОВОЈ ВИКЕНД, ПРВ СЕМИНАР ОД ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ЕДУКАЦИЈА ЗА ТРЕНЕРИ

Првиот семинар од втората генерација на Едукацијата за тренери која ја спроведува Кошаркарската федерација на Северна Македонија ќе се одржи претстојниот викенд, во конгресната сала при спортскиот центар „Борис Трајковски“ како и во големата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Според програмата, на 28. декември (сабота) во конгресната сала на СЦ „Бори Трајковски“,  Професор д-р Ленче Алексовска – Величковска, Професор д-р Слободан Николиќ, Професор д-р Александар Ацески и Професор д-р Милан Наумовски ќе одржат тематски предавања.

Ден подоцна, во големата сала на СРЦ „Кале“со свои предавања ќе се претстават тренерите Горан Крстевски, Александар Јованчев, Ѓорѓи Кочов и Анета Глигорова.

АГЕНДА НА СЕМИНАРОТ

28.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

(конгресна сала, А1 арена СЦБТ)

11:30 Регистрација на присутни

12:00 Проф. д-р Ленче Алексовска Величковска

               тема: Психолошки аспекти на спортскиот триаголник

13:00 Проф. д-р Слободан Николиќ

               тема: Спортски медицински преглед

16:00 Проф. д-р Александар Ацески

               тема: Работа во теретана со млади категории

17:00 Проф. д-р Милан Наумовски

               тема: Тренерски кодекс

29.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

(голема сала, „Кале“)

9:30 Регистрација на присутни

10:00 Проф. Горан Крстевски

               тема: транзиција во одбрана

11:15 Александар Јованчев

               тема: Континуиран напад за категории од 14-18 години

12:30 Проф. Ѓорѓи Кочов

               тема: Одбрана од pick and roll

13:45 Проф. Анета Глигорова

               тема: Комплекс вежби за додавање за девојчиња на возраст од 14-18 години