09.06.2023

Тренинзите ќе се одвиваат на 10. и на 11. јуни, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје

Овој викенд, селективни тренинзи за кошаркар(к)и родени 2010 и 2011 година

Овој викенд е резервиран за проверка на знаењата на најмладите возрасни категории. Во салата на СРЦ „Кале“ со присуство на 12 тренери, ќе работат повеќе од стотина млади кошаркари, родени во 2010 и 2011 година, во двете категории.

Со оглед на големиот број на пријавени кошаркар(к)и од страна на клубовите од овие возрасни категории, тренинзите ќе се одвиваат во групи.

Со младите кошаркари, родени 2010 година, ќе работат тренерите Дамјан Саздов, Тео Митевски и Фаик Мифтари.

Со нешто помалите, играчите родени 2011 година пак, тренинзите ќе ги надгледуваат Нермин Пепиќ, Оливер Тасков и Илија Самболџиев.

Во работата со девојчињата од групата „2010“ ќе бидат ангажирани Жаклина Стојановска, Теа Митрева и Ера Пајазити, додека во онаа помладата, на кошаркарки родени 2011 година, во тренерскиот тим се Сања Адамовска, Катерина Цветковска и Емилија Лазаревска.

ТЕРМИНИ ЗА ТРЕНИНЗИ

10. ЈУНИ (САБОТА):

09.00-10.15: ПРВА ГРУПА (машки–2011)

10.15-11.30: ВТОРА ГРУПА (машки–2011)

11.30-12.45: ТРЕТА ГРУПА (машки–2011)

12.45-14.00: ПРВА ГРУПА (женски-2011)

14.00-15.15: ВТОРА ГРУПА (женски-2011)

15.15-16.30: ПРВА ГРУПА (женски–2010)

16.30-17.45: ВТОРА ГРУПА (женски–2010)

 

11.ЈУНИ (НЕДЕЛА):

11.00 – 12.15: ПРВА ГРУПА (машки – 2010)

12.15 - 13.30: ВТОРА ГРУПА (машки – 2010)

13.30 – 14.45: ТРЕТА ГРУПА (машки – 2010)

* Тренинзите ќе бидат реализирани во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје