Mашката јуниорска селекција на Македонија продолжува со одличните игри и што е поважно, со победи во подготвителниот период.
Откако овој викенд го освоија турнирот во Гевгелија со три победи против Грција Бугарија и Црна Гора, вечерва во Дарувар, избраниците на селекторот Тони Симиќ стигнаа до уште една. Против уште една силна селекција каква што несомнено има Хрватска.
Со тројката на нашиот најдобар играч, Теодор Симиќ, практично со звукот на сирената, Македонија го доби првиот од двата предвидени натпревари со „коцкастите“.
Натпревар во кој немаше голем број на поени (вкупно 105 на двете страни на теренот), и во кој, напито јунироски соства имаше подобро отворање и предност по десет минути игра (13:10), Неефикасно се играше и во вториот периоод, па на полувремето Хрватска се стекна со предност од два поени (22:20).
Затоа пак двете селекции ја поправија реализацијата во втрото полувреме. Две четвртини во кои нашите јуниори испорачаа по 17.поени, но најважни беа оние три на Симиќ на истекот на последната секунда, за наша нова победа.
Највисокиот наш кошаркар застана на 20.реализации (даде четири тројки), Тома Стојановски имаше 12, Петковски даде 8, а Бошалески еден помалку.
Двете репрезентации, утре вечер, исто така од 19.часот, на истото место во Градската сала во Дарувар ќе имаат уште една проверка.
ХРВАТСКА (У18) – МАКЕДОНИЈА (У18) 51:54
10-13, 12-7, 17-17, 12-17)
МАКЕДОНИЈА (У18): Иванов, Петковски 8, ШОШКИЌ 4, БОШАЛЕСКИ 7, Стојановски 12, ДИМИТРИЕСКИ 2, Србиноски, СТОЈКОВСКИ 1, Стефанов, СИМИЌ 20, Саити, Трифуновски, Башовски;