18.09.2023

Во финалето на собирот во СЦ „Јане Сандански“, белградските „црно-бели“ беа подобри од бугарскиот Минор 2015 со резултат (81:56)

Партизан е победник на меѓународниот турнир „Драган Василов - Цевка“

Со доделување на медалите на најдобрите кошаркари заврши меѓународниот турнир „Драган Василов – Цевка“. А победник на третото издание на традиционалниот собир во Скопје е екипата на Партизан од Белград, која во финалниот натпревар ја оправда улогата на фаворит и го совлада Минор 2015 од Перник со високи (81:56).

Во борбата за трето место меѓу екипите на  Клуж Напока и Интер Братислава, победи тимот од Словачка со резултат (67:63).

Петтото место на турнирот му припадна на тимот од нишки Тријумф, кој беше подобар во дуелот со скопски Вардар (76:41, a во борбата за 7.место, екиоата на играчи родени 2009 година (и помлади) од МЗТ Скопје  Аеродром победи со резултат од (67:53) против тимот на All Star од Подгорица.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Иво Валентинов од тимот на Минор 2015 Перник, додека пак МВП наградата, за најдобар играч на турнирот, ја понесе Лука Павловиќ од тимот на Партизан.

Од Општината Аеродром потврдија дека овој турнир останува да биде во програмата на општината и како традиционален секоја година ќе се реализира во заедничка организација со Кошаркарската федерација на Македонија и Олимпискиот комитет.