14.05.2017

Патот до една титула

За Карпош Соколи тоа би било прва додека за МЗТ Скопје Аеродром шеста и тоа во низа. Ова се двата клуба кои вечерва со меѓусебен дуел ја започнуваат финалната серија и финалната борба за шампионската титула во домашното првенство во тековната натпреварувачка сезона. Двата клуба изостанаа од првиот, регуларниот дел од сезоната и се приклучија во Супер лигата.

Во рамки на десет кола двата клуба одиграа по десет натпревари. Двапати се пресметаа меѓусебе и во двата наврати славеше актуелниот шампион во домашното првенство. Во првата нивна средба оваа натпреварувачка сезона, во четвртото коло кошаркарите од клубот од Аеродром славеа среде Карпош со 85-87, а неколку седмици подоцна, на домашен терен запишаа убедлива победа од 83-61.

Избраниците на Драган Николиќ веќе им одземаа една радост на „металците“. Трофејот од Купот оваа година замина во витрините на Карпош Соколи – прв трофеј во историјата на клубот па така, избраниците на Анте Назор останаа без двојната круна од ланската сезона.

Едно е сигурно, во финалната серија ќе има изобилие на суперинтересни дуели помеѓу два клуба со исти амбиции.

Првиот натпревар од финалната серија започнува денес, во 18:00 часот, а сите љубители на спортот со портокаловата топка кои нема да можат да го проследат од трибините во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе можат да го гледаат преку малите екрани, во живо на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ). Статистиката преку следниот линк.