ФОТО: Павел Иванов (број 34) е најкорисниот играч на јуниорскиот финален турнир
Веднаш по одигрувањето на неизвесното, до последна минута, финале, беше избран и најкорисниот играч на завршниот турнир во М18 лигата.
За своите две одлични игри на турнирот во СЦ „Јане Сандански“, МВП признанието од рацете на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, го доби играчот на КК Вардар, Павел Иванов.
За оваа највредна индивидуална награда, Иванов мораше да одигра најдобро кога беше најпотребно.
Во финалниот меч беше еден од клучните во серијата која го донесе неговиот тим до титулата. На крајот, за 34.45 минути во игра, реализираше дабл-дабл ефект, изразен преку реализација на 20.поени (8/11 за два поени), 11 скока, дополнети со три асистенции, три загубени, две освоени топки и две блокади, и тоа во битните моменти од финалето.
Иванов беше одличен и во полуфиналето во кое Вардар беше подобар од Работнички. На таа средба младиот „вардарец“ исто така имаше двојни бројки во поените и скоковите.
Реализира 23.поени (8/13 за два и 1/2 за три поени), а имаше и десет скока, шест асистенции, пет загубени топки и одново две блокади за 29:28 минути поминати во игра.