14.02.2017

Куп-пехарот се врати во МКФ

Пехарот од Купот е подготвен, го чека новиот сопственик

Пехарот од Купот на Република Македонија по една година престој во витрините на актуелниот шампион во домашното првенство, МЗТ Скопје Аеродром, се врати во просториите на македонската кошаркарска федерација. 

Во досегашната историја на одржување на Куп-натпреварувањето, седум различни екипи од домашниот шампионат го подигнувале трофејот. Засега, најтрофеен клуб во Купот е Работнички со девет освоени титули (1993, 1994, 1998, 2003, 2004, 2005, 2006, 2011, 2015). Актуелниот освојувач на овој престижен трофеј, МЗТ Скопје Аеродром, на своето конто има осум титули (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016). По две Куп-титули имаат Фени индустри (2008, 2010) и Никол Ферт Гостивар (2001, 2002). Еднаш Купот го освоиле и Вардар Осигурување (2007), Кочани Деликатес (1995) и Амак СП (2009).

Четвртфиналните натпревари од Лимак Купот на РМ започнуваат в четврток (17. февруари). Полуфиналињата, во машка и во женска конкуренција, се закажани за в сабота (18. февруари). Диоректната борба за пехарот и во двете конкуренции е на распоредот в недела (19. февруари).