31.07.2021

Битолчани одлучија дека е време за голем чекор напред

Пелистер го потврди учеството во АБА 2 лигата

Првпат во својата историја, екипата на Пелистер од Битола ќе учествува во АБА 2 лигата откако раководството на клубот ја прифати поканата за настап во регионалното натпреварување.

На денешниот состанок, битолчани одлучија дека е време за голем чекор напред и заедно со МЗТ Скопје во новата сезона ќе ја претставуваат Македонија во вториот степен од Јадранската лига.

Битолскиот клуб ќе биде четврти македонски претставник во АБА 2 од формирањето на оваа лига, во 2017 година. Во првата сезона во неа учествуваше АВ Охрид, од следната таму настапуваше МЗТ Скопје Аеродром, а лани му се приклучи и Работнички.