Некогашните македонски репрезентативци, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб, се најдоа во „дрим-тимот“ на ФИБА составен од селекции од делови од Европа кои не се меѓу најдобрите во изминатите 20 години.
Во анкетата гласаа љубители на кошарката, а Македонија е единствена со двајца играчи во идеалната петорка. Лестер Бо Мекејлеб и Перо Антиќ беа лидери на генерацијата која на ЕП 2011 година во Литванија го оствари историскиот успех за македонскаа кошарка.
Покрај нив, номиниран меѓу шеснаесетте кандидати беше и Владо Илиевски, но не доби место во идеалниот тим.
Покрај Антиќ и Мекејлеб, идеалната петорка на „остатокот на Европа“ ја комбинираат Јон Стефансон од Исланд, потоа Адам Ханга од Унгарија и Мирза Телетовиќ, првата ѕвезда на БиХ.