Перо Антиќ и Лестер Мекејлеб во конкуренција за дводеценискиот „дрим-тим“ на ФИБА Евробаскет! - КФСМ
21.07.2020

Како членови на најдоброта петорка на „Остатокот од Европа“, нашите легендарни кошаркари се „во игра“ и за ТОП 5 во периодот 2000-2020 година

Перо Антиќ и Лестер Мекејлеб во конкуренција за дводеценискиот „дрим-тим“ на ФИБА Евробаскет!

По прегледот на гласовите во последните три месеци на некои од најголемите sвезди на натпреварите во историјата, серијалот „Тимови на соништа“ на ФИБА Евробаскет се приближува кон крајот

Во изборот беа прикажани 15 различни нации, како и специјален состав, наречен „Остатокот на Европа“ со уникатни уреднички содржини. Вклучувајќи рефлексивни интервјуа и квизови преку кои и им беше дадена можност на фановите да гласаат за нивните фаворизирани постави на секоја земја. И сето тоа беше доволно да се формираат 16, и тоа како респектабилни петорки.

Еве го и прегледот на почетниот состав на секоја земја, според гласањето на навивачите:

ТОП ПЕТОРКИ

Хрватска: Мулаомеровиќ - Гиричек - Богдановиќ - Шариќ - Вујчиќ

Турција: Тунчери - Кутлај - Туркоглу - Илјасова - Окур

Русија: Џ.Р: Холден - Швед - Кириленко - Кријапа - Мозгов

Франција: Паркер - Де Коло - Батум - Диао - Гобер

Србија: Теодосиќ - Богдановиќ - Бодирога - Стојаковиќ - Ребрача

Италија: Поцеко - Белинели - Менегин - Галинари - Галанда

Литванија: Јасикевичиус - Мацијаускас - Шишкаускас - Клеиза - Валанчиунас

Чешка: Саторански - Велш - Бартон - Весели - Зидек

Грција: Папалукас - Спанулис - Дијамантидис - Принтезис - Адетокумпо

Летонија: Стрелникс - Багатцкис - Тима - Дејвис Бертанс - Порзингис

Шпанија: Рубио - Наваро - Фернандез – П. Гасол – М. Гасол

Грузија: Диксон - Маркоишвили - Саникидзе - Шенгелија - Пачулија

Словенија: Г Драгич - Дончиќ - Нахбар - Лорбек - Нестеровиќ

Израел: Тапиро - Бурштајн - Пнини - Каспи - Елиаху

Германија: Шродер - Шафарцик - Бензинг - Окулаџа - Новицки

Остаток на Европа: Мекејлеб - Стефансон - Ханга - Телетовиќ – Антиќ

Фановите имаат уште две шанси да го дадат својот избор за крајниот FIBA ​​EuroBasket Dream Team 2000-20.

Вкупно 24. играчи се наоѓаат во потесниот список на селекција врз основа на нивните спортски критериуми со место на кој било Евробаскет Ол-стар Пет или освоен медал на натпреварите во организација на ФИБА во изминатите 20 години.

Можете да гласате за вашите омилени играчи на бековските позиции на ФИБА ЕвроБаскет од 27 јули до 2 август, додека гласањето за најдобрите играчи на центарските места, ќе започне следната недела, на 3 август и ќе трае до 9 август.