31.03.2023

На прес-конференција, Видеолотарија Касинос Австрија ги претстави своите амбасадори за оваа година

Перо Антиќ стана бренд амбасадор на Видеолотарија Касинос Австрија

„Под мотото „Играј со најдобрите“ Видеолотарија ќе продолжи да ги негува нашите заложби за поддршка на македонскиот спорт и македонските спортисти и во иднина.

На прес-конференција, Видеолотарија Касинос Австрија ги претстави своите амбасадори за оваа година, со кои ја продолжува својата пракса да го поддржува спортот и најдобрите спортисти од Македонија.

„Со задоволство информираме дека наши бренд амбасадори се претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров и автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе“. - потенцираа од Видеолотарија Касинос Австрија.

Претседателот на нашата федерација, Перо Антиќ изрази голема благодарност за поддршката која ја доби и за федерацијата, но и за оваа нова улога, како бренд амбасадор.

Тој додаде дека се радува што токму нашата земја ќе биде домаќин на две првенства.

“Во текот на јули, на гости во Скопје, ќе ни дојдат 15 репрезентации кои се дел од ЕП за кошаркари под 20 години. Летово во нашиот главен град ќе ги пречекаме и селекциите кои се дел на кадетскиот Евробаскет, но и учесниците на еден од најголемите тренерски семинари, во ко-организација со ФИБА. Ова се значајни настани за кои Видеолотарија не поддржа, поради што како претседател на КФСМ сум многу благодарен“- потенцираше првиот човек на манедонската кошарка.