05.04.2023

Нашиот ФИБА делегат доби големо признание да го контролира мечот за трофејот, Галатасарај-Асвел кој се игра на 12. април во Истанбул

Петар Денковски ќе биде ФИБА инструктор на финалето на Еврокупот

Петар Денковски добива уште едно големо признание во својата сега веќе делегатска интернационална кариера.

Имено еден од нашите официјални лица со беџот на светската кошаркарска организација-ФИБА, ја доби честа, односно улога на ФИБА-инструктор на финалниот натпревар од Еврокупот во женска конкуренција.

Натпреварот кој ќе се игра на 12.април во Истанбул, ќе одлучи која од двете екипи финалисти, домаќинот Галатасарај и францускиот Асвел од Вилербан ќе го освои пехарот во ова европско натпреварување.

Ова е и највисоката официјална номинација од ФИБА за еден наш официјален претставник во европските клупски натпреварувања не само во оваа сезона. А во исто време и едно големо признание и за македонската кошаркарска федерација.

Инаку Денковски, како ФИБА-инструктор, ќе ја контролира работата на официјалните лица на оваа средба, односно судиите Паоло Маркес (Португалија), Гизела Гиорги (Норвешка) и Бенџамино Мануел Атард (Италија).