18.07.2017

Петар Денковски, Зоран Митровски и Ѓорѓи Пиперков номинирани за официјални лица во претквалификациите за СП2019

ФИБА го направи делегирањето на официјалните лица од натпреварите од претквалификациите за Светското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Кина. Двајца македонски судии и еден делегат се номинирани за делегирање, а се чека на нивна официјална потврда на истото.

Петар Денковски е номиниран за помошен судија на натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и Словачка кој во Сараево ќе се одигра на 5. август со почеток во 20:00 часот.

Зоран Митровски е номиниран за помошен судија на натпреварот помеѓу Бугарија и Белорусија кој во Ботевград ќе се одигра на 5. август со почеток во 18:00 часот

Ѓорѓи Пиперков е номиниран за делегат на натпреварот помеѓу Албанија и Австрија кој во Тирана ќе се одигра на 2. август со почеток во 20 часот и 30 минути.