Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, утре (12. декември, 2018 година), ќе биде гостин на колегите од Кошаркарскиот Сојуз на Србија на одбележување на две значајни годишнини.
Имено, во Народниот театар на Република Србија, во престолнината Белград, ќе бидат одбележани 70 години од постоење на српскиот сојуз како и 95 години од првиот одигран кошаркарски натпревар на територијата на денешна Република Србија, одигран во училишниот двор на едно од најстарите основни училиштa, „Краљ Петар 1“.
„Ќе ни биде особена чест доколку присуствувате на свеченоста и заедно со нас додадете на значење на ова одбележување“. – меѓу другото се вели во поканата адресирана до Претседателот.
Воедно, Претседателот е поканет, и заедно со Генералниот Секретар на МКФ, Моника Гаврилоска, ќе присуствува на ждребот за групите од Европското Првенство за жени кое идната година ќе се одигра во Летонија. Ден подоцна ќе се одржи и ждребот за групите од сите младински првенства кои се предвидени да се огираат идната календарска година.