Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, во друштво на претставниците од ЛИМАК Скопје го следи првиот полуфинален натпревар од Купот на Република Македонија во машка конкуренција.
Наумоски, заедно со Мурат Јурдал, кој е генерален директор на Лимак Скопје како и со Халдун Ијудил, кој е член на извршниот одбор на компанијата во моментов го следат натпреварот помеѓу Карпош соколи и Работнички, дуел кој ќе го реши првиот патник во финалето.
Претходно, Јурдал и Ијудил направија обиколка на салата „Јасмин“ во друштво на Моника Гаврилоска, генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација и Владо Цветковски, комесар за натпреварување.