23.01.2018

Петар Наумоски закажува вонредно собрание на 11. февруари

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација на редовната седница одржана на 23. јануари, 2018 година во просториите на МКФ ја разгледа иницијативата поднесена на 10. јануари 2018 година и потпишана од страна на вкупно 20 членки на Собранието за свикување на вонредна седница. Согласно статутот на Македонската кошаркарска федерација, Претседателот Петар Наумоски свикува вонредно собрание на ден 11. февруари (недела). Собранието ќе се одржи во Сквер 21 (поранешно кино Вардар) со почеток во 12:00 часот (пладне).

На дневниот ред на седницата ќе бидат поставени и точките од редовното годишно собрание кое се одржа на 25. декември 2017 година, но беше прекинато. Како дополнителна точка на дневниот ред ќе биде поставена точка за гласање на доверба во Претседателот. Доколку се изгласа недоверба, по кратка пауза кандидатите за позицијата Претседател ќе треба да ги достават своите кандидатури и програми за работа, а кандидатската комисија да ги верификува.