19.01.2020

„Петка“ на Војдан за простување од По

Македонскиот капитен го одигра последниот меч како играч на По Лак Ортез. Ќе памети дека загубил од Монако, чиј тренер е нему добро познатиот, Саша Обрадовиќ.

 

Војдан Стоајновски со пораз се прости од играњето за екипата на По Лак Ортез. На последниот меч пред да си замине од По, капитенот на нашата сениорска репрезентација запиша пораз, и тоа во дуелот со најдобрата француска екипа во овој момент – Монако (76:89).

Пред да се пресели во Гравелин, Стојановски одигра 22.минути. Или период од играта во кој запиша ефект од пет поени (1/4 за три и 2/2 за еден поен) и три скока.

По 19.одиграни кола и ефект (8-11) По Лак Ортез е на 11.место на табелата во ЛНБ лигата на Франција.