Кошаркарите на Хувентуд стигнаа до убедлив триумф над еден од топ фаворитите за висок пласман во Еврокупот, екипата на Уникс (90:73).
На оваа средба на која Хувентуд го потврди својот настап во ТОП 16 фазата, Ненад Димитријевиќ помина 14:12 минути во игра.
А младиот репрезентативец на Македонија забележа ефект од пет поени (1/3 за три и 2/2 за еден поен). Имаше и по четири скока односно асистенции, една освоена и три загубени топки.
По девет одиграни кола во групата „Ц“, со ефект од пет победи и четири порази, тимот од Бадалона е во првите четири кои одат во следната фаза.
Во последниот круг од оваа прва рунда, екипата на Хувентуд гостува во Љубљана и игра против екипата на Цедевита Олимпија.
*фотографијата е превземена од веб-страницата на Еурокуп