16.12.2024

Доста вреден гостински триумф на Кожув против Шкупи, во кој одново во преден план беа двајца кошаркари...

ПЕТОРКА НА 10. КОЛО „МТЕЛ“ ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Двоецот Пилепиќ и Хауард за „добра слика“ на Кожув

Коло без вистински индивидуални блесоци, во кое најважната победа ја однесоа кошаркарите на МКК Куманово, на „жешкиот“ терен во салата „Шабан Трстена“ во Чаир.

Доста вреди и гостинскиот триумф на Кожув против Шкупи, во кој одново во преден план беа двајца кошаркари, Пилепиќ и Хауард. Добри индивидуални постигнувања без вистинска валоризација имаа и Мофит (Чаир 2030), Хемптон (Гостивар)...

ДЕШЕАН ХЕМПТОН (ГОСТИВАР)

Веројатно неговата најдобра партија како играч на Гостивар во оваа сезона. За жал, и негова и на тимот, не беше крунисана и со поволен резултат на гостувањето во СРЦ „Кале“, односно средбата со Работнички во која загубија со „пола кош“. Сепак останаа запишани неговите 34 индексни поени, најмногу во десеттиот круг од сезоната во најсилната конкуренција. До нив дојде со реализација на двоен ефект, односно 21.поен (10/12 во шутот за два поени), 13 скока (четири офанзивни), четири блокади, две освоени односно загубени топки.

УРОШ ЛУКОВИЌ (МКК КУМАНОВО)

Втора недела по ред во идеалните пет на лигата. Со право, затоа што кумановскиот прволигаш дојде до можеби и највредната победа. Победија таму каде што тешко се освојуваат бодовите, во Чаир. А високиот центар на „сино-белите“ дојде до нов дабл-дабл учинок. Односно 17.поени (6/10 за два и 5/6 за еден поен), 13 скока од кои скоро половина (шест) беа во фазата на нападот. Но за 35:33 минути на теренот имаше и три блокади, две асистенции, односно индекс 30!

ДЕВАНТЕ МОФИТ (ЧАИР 2030)

Имаше ново одлично шутерско издание и највисоки 34. реализации на дуелот со МК Куманово, но на крајот и тоа не беше доволно за чаирчани да ја продолжат низата на победи на домашен терен. Ги одигра, интересно, сите 40.минути во кои имаше релативно добар процент на реализација во шутот од игра (3/9 за три, 8/15 за два и 9/11 за еден поен), плус и осум скока, пет асистенции, исто толку загубени топки и една освоена, односно 28. индексни поени.

ФРАН ПИЛЕПИЌ (КОЖУВ)

Тој е еден од главните „фактори“ за добрите игри и резултати на прволигашот од Гевгелија во првиот дел од сезоната, што се покажа како точно и на средбата со Шкупи, која Кожув ја реализираше во своја корист.

Играше повеќе од 35.минути, период во кој дојде до ефект од 26.поени со шут од игра од 50% (4/9 за три, 6/11 за два поени) и максимален од линијата за слободни фрлања (2/2). Освен тоа имаше и шест скока, четири додавања, три освоени и две загубени топки, сето тоа за индекс 26.

МАЈЛС ХАУАРД (КОЖУВ)

Истиот краен ефект, но се малку поинакви бројки го направи и неговиот соиграч на крилните позиции. Остана на паркетот скоро 37.минути,  и за тоа време оствари двоен учинок во колоната поени, односно скокови. Постигна 13.поени (5/9 во обидите за да односно 3/4 во оние за еден поен). На тоа придодаде уште 15.скока, како и две блокади, по една асистенција, освоена односно загубена топка.

ПРВА ПЕТОРКА

Дешеан Хемптон (Гостивар)

Урош Луковиќ (МКК Куманово)

Деванте Мофит (Чаир 2030)

Фран Пилепиќ (Кожув)

Мајлс Хауард (Кожув)

ВТОРА ПЕТОРКА

Дејвид Ролинс (Чаир 2030)

Виктор Ташовски (Пелистер)

Дамјан Крстевски (Пелистер)

Амар Хот (Работнички)

Ѓорѓи Зафиров (ТФТ)

*Петорките се правени според бројот на индексни поени