Малку „пролонгирано“ беше ова 11. коло од Првата лига, пред се поради обврските на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер во АБА 2 лигта во изминатата седмица. Но тоа не е причина да се направи и „пресек“ на индивидуалните остварувања реализирани низ шест одиграни натпревари.
Нешто „посиромашно“ според бројот на индексните поени, бидејќи само двајца кошаркари направија резултат над просекот.
Најкорисен играч во оваа рунда од натпреварите е Александар Тодоровиќ. Искусниот крилен центар на гостиварскиот прволигаш има најдобри индивидуални бројки. На средбата со Кожув дојде до индекс – 37. Реализиран преку 28. поени (шут од поле 10/15), 9.скока, 3. асистенции и 2 освоени топки, за само нешто повеќе од 23.минути поминати во игра.
Натпреварот на досегашниот дел од неговата кариера имаше тодор Зталев. Младиот бек на Еуро Никел 2005 доби сериозен број на минути на средта асо Ангели во Скопје. Врати со реализација на дабл-дабл изразен преку 17.поени (8/10 од игра) и 15.скока, плус три додавања за 32:43 минути. Сето тоа за индекс 35, втор најдобар резултат во ова коло.
Следува ефектот на двоецот од Работнички, Недим Мустафица-Џексон Пол, кои по враќањето во тимот, покажаа дека се носителите на играта на клубот од „Градски парк“, како и оној на капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски.
ПРВА ПЕТОРКА
Александар Тодоровиќ (Гостивар)
Тодор Златев (Еуро Никел 2005)
Недим Мустафица (Работнички)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Џексон Пол (Работнички)
ВТОРА ПЕТОРКА
Декуан Абром (Куманово 2009)
Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка)
Ејасу Ворку (Гостивар)
Маиш Дејли (Гостивар)
Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)