08.03.2022

Веќе на првиот меч за новиот клуб, Американецот демонстрираше квалитет, има најдобри бројки во оваа рунда од натпреварите

ПЕТОРКА НА 17. КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Деон Едвин веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за Работнички

Не му требаше многу време, практишно само едне одигран натпревар за да биде промовиран како веројатно носител на играта на Работнички. Во својот прв настап за тимот од „Градски парк“, Деон Едвин го покажа тоа.

Дојде до 33.индексни поени, најмногу од сите во ова 17. коло од Првата лига-мажи. Американецот реализираше исто толку поени во вечното дерби против МЗТ Скопје Аеродром.

Со висок процент на реализација (3/4 за три, 8/14 за два и 8/9 за еден поен). Освен тоа дополни и со седум скока и исто толку асистенции за нешто повеќе од 38. минути во игра.

Одлично издание имаше Хуан Дејвис на другата страна од теренот. Силното крило на МЗТ Скопје Аеродром дојде до 30.индексни поени во дербито. Запиша 21.поен (5/7 за три, 2/2 за два и 2/2 за еден поен), како и осум скока, три асистенции и по две освоени односно загубени топки за 28.минути поминати на теренот во СРЦ „Кале“.

Ландриус Хортон продолжува со стандардно добрите игри во дресот на ТФТ. На гостувањето кај Ангели, американскиот бек на „црно-белите“ дојде до 23.поени (10/16 во шутот од поле, и 2/2 од линијата за слободни фрлања. Но имаше и 11. скока, и една асистенција за нешто повеќе од 28.минути, и индекс 28.  

Филип Бакоч потврди дека е еден од носителите на играта на Навико Академија ФМП. Не му посмета ниту тренерската смена, прикажа одлична игра против МЗТ Скопје Уни Банка. А во победата на „лавовите“, потенцијалниот репрезентативец партиципираше со 18.поени (9/11 за два поени), осум скока, четири асистенци и индекс-26.

Ејасу Ворку беше еден од „архитектите“ на уште еден успех на Гостивар. Сега против најпријатното изненадување во лигата – Феникс 2010. Одличниот бек на Гостивар стигна до 24. индексни поени. Имаше дабл-дабл ефект од 15.поени (6/11 за два поени), како и десет успешни додавања, а му недостасуваа само уште два скока за трипл-дабл скор во оние 30:54 минути кои ги помина на паркетот во салата „Младост“.

ПРВА ПЕТОРКА

Деон Едвин (Работнички)         33

Хуан Дејвис (МЗТ Скопје Аеродром) 30

Ландриус Хортон (ТФТ)  28

Филип Бакоч (Навико Академија ФМП        26

Ејасу Ворку (Гостивар)    24

ВТОРА ПЕТОРКА

Марјан Јанески (Гостивар)        23

Травон Бродвеј (Кожув) 23

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    21

Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)         21

Били Ајви (Навико Академија ФМП) 20