14.03.2022

Бекот на ТФТ дојде до 40. индексни поени во победата во дерби-мечот против Гостивар

ПЕТОРКА НА 18. КОЛО: Во знакот на Ландриус Хортон

И во ова 18. коло од Првата лига, Ландриус Хортон потврди дека важи за еден од најстандардните и најдобри играчи кај ТФТ.

Благодарение на уште едно негово одлично индивидуално издание, новиот освојувач на Купот стигна до уште една победа која ги приближува „црно-белите“ кон пласман во Суперлигата.

На средбата со Гостивар на која ТФТ стави крај на серијата на победи на гостинската екипа, американскиот бек застана на бројката од 32. поени (12/19 од поле и 5/8 од линијата за слободни флања). Имаше, за бек, неверојатни 15 скока, плус и две додавања за 38.минути во играта.

Сето тоа заедно за индекс – 40, и најмногу во овој круг од натпреварите.

МЗТ Скопје Уни Банка долго време, речиси до крајот на натпреварот против Пелистер во Битола, беше во игра за сензација. Најмногу по заслуга на одличниот Кахем Рансом.

Ги одигра сите 40.минути, реализираше 32.поени со скоро 60% на успешност во шутот од поле (13/22). Додаде уште пет скока и шест асистенции за 34 индексни поени, и место во идеалната петорка на колото (според индексот).

Следува ефектот на еден дебитант во македонската Прва лига, новиот играч на Куманово 2009, Самсон Акано.

Иако неговиот тим убедливо загуби на гостувањето во Кожув, тоа не му посмета да собере 30.индексни поени. До нив дојде со реализација на 35.пооени 12/25 од поле и 8/8 од обидите вредни по еден поен), а надополнети со девет скока, две асистенции за сите 40.минути на теренот во салата „26.април“ во Гевгелија.

Џексон Дубински го донесе неговиот Еуро Никел 2005 до мошне важен триумф на гостински терен против Феникс 2010. Кавадарчани победија каде досега не му успеа тоа на ниту еден друг тим во лигата, а одличниот американски бек има сериозни заслуги за успехот. Затоа што за 35:35 минути во игра, постигна 25.поени со висок процент на реализација (5/6 за три, 2/3 за два и 6/6 за еден поен), плус и осум асистенции, три освоени, но и шест загубени топки со кои го намали индексот на 29.

Идеалните пет ги затвораме со учинокот на Никола Малешевиќ.

Еден од најстандардните играчи во друштвото на најдобрите и во оваа сезона, беше на своето ниво на задачата во дуелот против „вториот тим“ на МЗТ Скопје. За 36:11 минути, постигна 28.поени (10/17 во обидите од поле и 6/9 од оние од линијата за слободни фрлања). Додаде и пет асистенции, четири скока, и по три освоени и исто толку загубени топки.

За 28. индексни поени и место во првата петорка на ова 18. коло.

ПРВА ПЕТОРКА

Ландриус Хортон (ТФТ)  40

Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка)        34

Самсон Акано (Куманово 2009)         30      

Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 29

Никола Малешевиќ (Пелистер)          28

ВТОРА ПЕТОРКА

Чач Унрух (Кожув)            28

Хуан Дејвис (МЗТ Скопје Аеродром) 27

Илија Колев (Кожув)       27

Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 25

Кирил Николовски (Еуро Никел 2005)         24