21.03.2022

Силното крило на ТФТ дојде до 32. индексни поени во победата во дерби-мечот против Феникс 2010, најдобар индивидуален ефект во колото

ПЕТОРКА НА 19. КОЛО: Човекот наречен „дабл-дабл“ - Амир Смит!

И во ова 19. коло од Првата лига, Амир Смит потврди дека важи за еден од најстандардните и најдобри играчи кај ТФТ.

Благодарение на уште едно негово одлично индивидуално издание, новиот освојувач на Купот стигна до уште една победа која уште повеќе ги приближи „црно-белите“ кон пласман во првите шест.

На средбата со Феникс 2010, американското крило стигна до одличен дабл-дабл ефект. Имаше 15. поени (4/8 од поле и 7/7 од линијата за слободни флања). Имаше и неверојатни 16 скока (четири офанзивни), плус и под едно додавање, освоена и загубена топка за 36:32 минути во играта.

Сето тоа заедно за индекс – 32, и најмногу во овој 19. круг од натпреварите.

Деон Едвин  продолжува со одличните игри, и за разлика од претходните, тоа го валоризираше со победа над лидерот во Првата лига-Пелистер.

Американскиот бек дојде до 31 индексен поен. За тоа му беа потребни и 31.поен (2/5 за три, 9/15 за два и 7/10 за еден поен). Но за нецели 38.минути во игра, додаде и десет асистенции и седум скока.

Намди Оконкво е кратко време во Гевгелија, но со негова помош Кожув стигна до две важни победи на последните два натпревари. Особено важна е онаа против МЗТ Скопје Уни Банка, која ги приближува гевгеличани кон опстанокот.

Освен добра заштита на кошот, крилото на Кожув потигна и 24.поени, со висока реализација во шутот од дистанца (10/14 за два поени и 4/5 од линијата за слободни фрлања. Имаше и осум скока, но и пет блокади за 33:20 минути.

На другата страна од теренот блесок на еден млад кошаркар. Лука Петровски ја имаше најдобрата индивидуална изведба како играч на МЗТ Скопје Уни банка во оваа сезона.

Запиша 25.поени, беше максимално точен во обидите за еден (4/4) и за два поени (6/6), а погоди и три тројки од седум обиди. Заедно со тоа, додаде и шест скока, две асистенции, две освоени и една загубена топка. За индекс 30...

Игор Кесар, впрочем како и другиот дел од тимот на Пелистер, не блескаше во дуелот со Работнички. Но сепак остана стандардно добар во индивидуалниот ефект. Силното крило на битолчани дојде до 25 индексни поени, а имаше 25.поени (7/9 за два и 11/12 за еден поен(, четири асистенции, два скока, исто толку загубени и една освоена топка за 36:23 минути во игра.

ПРВА ПЕТОРКА

Амир Смит (ТФТ)   32

Деон Едвин (Работнички)         31

Намди Оконкво (Кожув) 31      

Лука Петровски (МЗТ Скопје Уни Банка)     30

Игор Кесар (Пелистер)   25

ВТОРА ПЕТОРКА

Александар Костоски (ТФТ)      24

Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)         24

Ејасу Ворку (Гостивар)    23

Бојан Трајковски (Феникс 2010)         23

Филип Бакоч (Навико Академија ФМП)      21