ФОТО (ГОСТИВАРПРЕСС): Одличен почеток на сезоната за Лувеин Пипкинс (Гостивар)
Почеток, и тоа каков, со доста нови ликови, стандардно добри изданија, пред се оние поединечните. Доволно да се формира некоја прва „слика“ за моменталните можности на прволигашите.
Прв впечаток е дека во лигата „влегоа“ голем број, пред се, на странски кошаркари, кои веднаш покажаа дека можат да „прават разлика“ на теренот. Доказ за тоа се и првите индивидуални бројки.
Мајкл Кефи (МЗТ Скопје Аеродром)
Американецот во редовите на актуелниот првак беше дел од колективот кој уште еднаш добро одработи против ТФТ. Со 13. поени беше прв стрелец (заедно со Крстевски) во победничката екипа. Имаше одлична реализација во шутот од поле (6/9), дополни со шест асистенции и три скока за нешто повеќе од 22.минути поминати во игра.
Дерил Стротер (Чаир 2030)
Беше „икс-фактор“ во првата и историска победа за екипата на Чаир 2030 во прволигашка конкуренција. Бекот на чаирчани беше најдобриот играч на гостувањето во Куманово. Освен што постигна 27.поени, и тоа со висок процент на реализација (4/8 за три, 5/7 за два и 5/5 за еден поен), имаше и три скока за скоро 35.минути поминати на теренот.
Лувеин Пипкинс (Гостивар)
Еден од творците на првиот и особено важен триумф за Гостивар против актуелниот вицепрвак – Пелистер. Остана долго време на теренот, скоро 37.минути. Стигна до бројката од 26.поени (6/10 за три, 4/6 за два поени), имаше и четири додавања два скока, но го расипа впечатокот со големиот број на загубени топки, што за среќа по гостиварци, не беше решавачки фактор во крајниот резултат.
Захари Овенс (Навико Академија ФМП)
Би требало да биде предводник на новиот состав на Навико Академија ФМП, барем според прикажаното на првиот официјален меч во новата сезона. На средбата против Кожув, Американецот постигна 24.поени (8/16 за два и 2/6 за три поени), кои ги дополни со високи осум асистенции и пет скока за 36:26 минути во игра.
Амар Хот (Феникс 2010)
Со оглед на тоа дека Феникс 2010 играше без помошта од најискусниот, Бојан Трајковски, јасно беше дека Амар Хот ќе има максимален број на минути на својата позиција. Одговори младиот крилен играч на стартниот предивик. Против Работнички стигна до дабл-дабл ефект изразен преку реализација на 10. поени (3/6 за три и 4/4 за еден поен) и 12.скока, плус и една блокада за 35:26 минути на теренот во СРЦ „Кале“.
ПРВА ПЕТОРКА
Мајкл Кефи (МЗТ Скопје Аеродром)
Дерил Стротер (Чаир 2030)
Лувеин Пипкинс (Гостивар)
Захари Овенс (Навико Академија ФМП)
Амар Хот (Феникс 2010)
ВТОРА ПЕТОРКА
Демонте Бекингем (Феникс 2010)
Виктор Ефремоски (Гостивар)
Страхиња Мичовиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Гиорги Корсантиа (Гостивар)
Јусуф Мохамед (Чаир 2030)