Втора недела по ред, неколку играчи, претежно нови лица во првата „Мтел“ даваат потврда дека екипите кои ги ангажирале во летниот трансфер-период може да сметаат, и тоа сериозно, на нивните „услуги“...
Сепак, во преден план е ефектот кој го направи Мајкл Грин од екипата на Тиквеш Голден Игл...
МАЈКЛ ГРИН (ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ)
Не беа доволни ниту оние негови 44 поени, реализирани на гостувањето во Куманово. Тиквеш Иглс го загуби дуелот во продолжението од пет минути, но остана запишано дека новакот во прволигашот од Кавадарци, постави сезонски рекорд според бројот на реализирани поени, макар и во само две одирани кола.
Постигна 44.поени, со висок процент на реализација (6/13 за три, 10/17 за два поени и 6/7 од линијата за слободни фрлања), на кои придодаде и пет скока, четири асистенции. А за нецели 43.минути на теренот имаше и по три освоени и исто толку загубени топки, односно индекс 38.
МАЈЛС ХАУАРД (КОЖУВ)
Новиот играч на екипата од Гевгелија, одигра, пред се, доста рационално на средбата со екипата на Вардар која гевгеличани ја решија во своја корист.
Остана долго време на паркетот, скоро 37.минути. А дојде до ефект од 17.поени (6/10 за два и 5/9 за еден поен), 12.скока (половина од нив офанзивни), но и голем број на блокади, вкупно 8, што во крајниот учинок значи 32 индексни поени.
ДЕВОН ГРЕНТ (ФЕНИКС 2010)
Втора недела по ред има одлично индивидуално издание, но и втор пат по ред, не донесе краен успех за екипата за која настапува – Феникс 2010.
Во поразот од Чаир 2030, учествуваше со 23.поени (3/8 за три, 3/5 за два и 8/8 за еден поен). Плус осум скока, шест асистенции, две освоени, две загубени топки, и една блокада за 34:37 минути во игра.
Доволни за индекс 31.
ИСАЈА КЕЛИ (ЧАИР 2030)
Го задржа „континуитетот“ од првото коло... Беше блиску до двоен ефект и на средбата со Феникс 2010. Ги одигра сите 40.минути, реализираше 19.поени (1/4 за три, 7/8 за два поени и 2/2 за еден поен). Имаше и осум скока, три асистенции, исто толку освоени, две загубени топки и 30 индексни поени на своето конто во трката за МВП на регуларниот дел од Првата „МТЕЛ“ лига.
ТАДИЈА ТАДИЌ (МКК КУМАНОВО)
Дел од големата тројка која му ја донесе првата победа на МКК Куманово во новата сезона. Она што е впечатливо е фактот дека одигра скоро неверојатни 44:26 минути. Запиша 25.поени (3/8 за три, 6/10 за два и 4/6 за еден поен), како и седум скока, осум асистенции, освоеи една, загуби исто така, една топка, за индекс - 28.
ПРВА ПЕТОРКА
Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл)
Мајлс Хауард (Кожув)
Девон Грент (Феникс 2010)
Исаја Кели (Чаир 2030)
Тадија Тадиќ (МКК Куманово)
ВТОРА ПЕТОРКА
Александар Радукиќ (МКК Киманово)
Андрија Стевановиќ (Кожув)
Имран Полутак (Работнички)
Десеан Хемптон (Вардар)
Фран Пилепиќ (Кожув)