01.04.2022

Крилните играчи на Феникс 2010 и на Гостивар со најдобри бројки во овој круг од натпреварите

ПЕТОРКА НА 20. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Трајковски и Силаџи со ист индекс – 31

Многу ретко, особено во оваа првенствена сезона се случува(ше) во едно коло од Прва лига-мажи двајца играчи да имаат ист број на индексни поени.

Ова е случај во 20. коло, во кое Бојан Трајковски (Феникс 2010) и Никола Силаџи (Гостивар) дојдоа до индекс 31!

До овој ефект Трајковски дојде преку реализација на 29.поени, со висок процент во обидите за два поени (9/11). Имаше и две реализирани тројки, 5/7 од линијата за слободни фрлања, но и осум скока и четири правовремени додавања за нецели 30.минути во игра.

ФОТО: Никола Силаџи имаше одлично индивидуално издание против Навико Академија ФМП

Никола Силаџи имаше слично издание на средбата против Навико Академија ФМП, кој неговата екипа ја загуби. Но тоа не му посмета да реализира 30.поени, со одлична реализација од поле (10/14 за два поени), и од линијата за слободни фрлања (7/8). На тоа додаде и девет скока, два асистенции за 32:40 минути во игра.

Висок стандард одржува и Дион Едвин. Бекот на Работнички продолжи во ефикасен стил и на гостувањето во Гевгелија.

Макар и со повеќе потрошени топки (12/27 од поле), Едвин дојде до 32. реализации, а му недостасуваше само еден скок и две асистенции да дојде и до трипл-дабл ефект за оние неверојатни 44:09 поминати на теренот во салата „26.април“ во Гевгелија.

Тач Унрух беше одличен на другата страна од игралиштето. Новакот во редовите на Кожув застана на 35. реализирани поени, скоро подеднакво добро шутираше за три (6/11), но и за два поени (6/10). Но голем проблем му беа деветте загубени топки, иако имаше и шест асистенции и два скока за скоро 40.минути во игра.

Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005), не постигна толку многу поени, но до оние 20, дојде со беспрекорни „десет од десет“ во обидите од дистанца. А на средбата со МЗТ Скопје Уни Банка, додаде и осум скока и четири скока за 26:33 минути поминати на теренот во „Јасмин“.

ПРВА ПЕТОРКА

Бојан Трајковски  31

Никола Силаџи      31

Деон Едвин (Работнички)         30

Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005)        29

Тач Унрух (Кожув) 28

ВТОРА ПЕТОРКА

Горан Главчев (Кожув)   26

Двејн Морган (Феникс 2010)   25

Намбди Оконкво (Кожув)         24

Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром)      23

Никола Златев (Еуро Никел 2005)      22