За разлика од претходните два натпревари, третиот беше „добитен“ за играчот кој со игрите во почетната фаза од првенството најавува кандидатура и за најкорисен во Првата „Мтел“ лига.
МАЈКЛ ГРИН (ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ)
Трета среќа, обично се вели, кај нас, па ова важи и за игрите, но и ефектот кој го имаше новакот во редовите на екипата од Кавадарци.
Успешен, резултатски беше третиот обид на Мајкл Грин да му донесе победа на својот тим. Овојпат беа доволни неговите 30. поени, реализирани на средбата против Гостивар. Тиквеш Иглс го доби дуелот, и остана запишано дека Грин реализира 42. индексни поени, до кои дојде со висок процент на реализација (3/6 за три, 9/14 за два и 3/3 за еден поен). Имаше и десет успешни додавања, шест скока, но и исто толку освоени топки за 38:09 поминати минути во игра.
ХАВИЕР РОДЕС (ГОСТИВАР)
На другата страна од теренот добро му парираше новото лице кај Гостивар. Секако со нешто „пониски бројки“, но сепак доволно за индекс 31, што е втор најдобар резултат во третиот круг од натпреварите.
За 35:37 минути во игра, постигна 20.поени (3/5 за три, 3/3 за два поени и 5/6 од линијата за слободни фрлања). Но имаше и по пет скока, пет асистенциии и пет освоени топки пред да ја направи и петтата лична грешка.
ФРАН ПИЛЕПИЌ (КОЖУВ)
Имаше искусниот хрватски кошаркар одлично прво полувреме, малку застана во второто, и без вистинска поддршка од соиграчите, не му донесе успех на Кожув на гостувањето кај ТФТ.
Запиша 35.поени со половичен просек на реализација во шутот од поле (3/6 за три и 7/14 за два поени), уште повисок од линијата за слободни фрања (12/14), плус и четири скока, две асистенции и по една освоена односно загубена топка, за индекс 29.
ДЕСЕАН ХЕМПТОН (ВАРДАР)
Одигра стандардно добро во натпреварот против екипата на Феникс 2010, на кој Вардар за малку не успеа да направи изненадување, и да победи.
Одигра скоро 35.минути, притоа дојде до дабл-дабл учинок од 18.поени (имаше високи 9/11 во обидите за два поени), 11 скока (три офанзивни), и три блокада, сето тоа заедно за 27.индексни поени.
ДЕРИН ГОВЕНС (ТФТ)
Одигра максимално рационално на мечот против Кожув. Не потроши многу топки, а поголем дел од неговите обиди завршија во противничкиот кош. На крајот, зад неговото име останаа 21.поен (4/5 за три 3/4 за два и 3/3 за еден поен), седум асистенции, два скока една блокада и три загубени топки за 34:27 минути во игра, или индекс 26.
ПРВА ПЕТОРКА
Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл)
Хавиер Родес (Гостивар)
Фран Пилепиќ (Кожув)
Десеан Хемптон (Вардар)
Дерин Говенс (ТФТ)
ВТОРА ПЕТОРКА
Урош Луковиќ (МКК Киманово)
Мајкл Едвардс (Пелистер)
Девон Грент (Феникс 2010)
Девонте Мофит (Чаир 2030)
Габриел Коскоски (Тиквеш Голден Игл)
*Петорките се правени според бројот на индексни поени