02.11.2021

Бекот на „црвено-белите“ имаше одлично издание во победата во дерби-дуелот со ТФТ

ПЕТОРКА НА 5. КОЛО: Пол Џексон го „држи“ Работнички при врвот!

Петтиот круг од натпреварите во Првата лига донесе неколку извонредни поединечни изданија. Дури тројца кошаркари ја надминаа бројката од 35 и повеќе индекс поени.

А најмногу, 38, имаше Пол Џексон од Работнички. Плејмејкерот на „црвено-белите“ во дуелот со ТФТ остана скоро сите 40. минути на теренот. Притоа реализираше 29.поени (10/14 за два поени и 9/11 од линијата за слободни фрлања), но и неверојатни 15.асистенции и пет скока.

За нијанса „послаб“ е ефектот на Чез Вилијамс. Американскиот бек од редовите на Кожув застана на индекс-37! Имаше висок дабл-дабл скор изразен со реализација на 25.поени (10/14 од поле), 12. скока, но четири освоени топки и три асистенции.

Немања Милошевиќ пак имаше свои минути во дуелот со „помладите браќа“ од Аеродром. Заврши со двоен ефект, имаше 26.поени со висок процент на реализација, 11/13 од поле, додаде и десет скока и едно додавање – сето тоа за 35.индексни поени.

Ефектот на Џонатан Холмс не се покажа како доволен за Куманово 2009 да го совлада Навико Академија ФМП. Сепак, неговото индивидуално издание кое вклучува 20. поени (7/10 во шутот од поле), 11. скока, две асистенции, и исто толку освоени топки за 38.минути во игра.

На другата страна од теренот пак нов, индивидуален, блесок на Стефан Крстајиќ. Бекот на „пантерите“ од Кисела Вода има рекордни, во ова коло – 31. реализирани поени. Макар и со нешто понизок процент на реализација. На тоа, српскиот интернационалец додаде уште шест скока и три додавања.

ПРВА ПЕТОРКА

Пол Џексон (Работнички)         38

Чез Вилијамс (Кожув)     37

Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А) 35

Џонатан Холмс (Куманово 2009)       27

Стефан Крстајиќ (Н. Академија ФМП)          26

ВТОРА ПЕТОРКА

Александар Костоски (ТФТ)      26

Марко Симоновски (Кожув)     25

Кирил Николовски (Кожув)      25      

Ејасу Ворку (Гостивар)    25

Исаја Мандерсон (Ангели)       25