Колото број 6 помина во доминација на играчот на Чаир 2030, кој против Вардар оствари еден од најдобрите индивидуални ефекти
Второ коло по ред, играч на Чаир 2030 стигнува до признанието за најкорисен. Бројките говорат се, затоа што крилниот играч на чаирчани дојде од ефект, тешко достижен во нашиот елитен ранг на натпреварување, барме кога станува збор за оној вкупен збир, односно број на индексни поени.
ИСАЈА КЕЛИ (ЧАИР 2030)
Она што остава посебен впечаток е дека сето тоа го реализира за нешто повеќе од 25.минути поминати на теренот. Вреенски период во кој реализираше неверојатни 39.поени, со висок процент на реализација (5/9 за три поени, максимлни 9/9 за два и уште 5/9 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа собра и 11. Топки под двата коша, направи и пет асистенции, имаше две освоени и една загубена топка, за индекс 49, најмногу, не само во оваа првенствена рунда.
НИКОЛА МИШКОВИЌ (ПЕЛИСТЕР)
Слични беа и бројките кои ги реализираше крилото на „пелистерци“ на средбата со Феникс 2010. Со забелешка дека „потроши“ 33:46 минути во кои дојде од ефект изразен преку реализација на 30.поени (5/7 за три, 6/11 за два и 3/5 за еден поен). Освен тоа дополни и со 13.скока, седум асистенции, три освоени топки, две блокади, но и пет загубени што делумно и го намали неговиот краен ефект од 41.индексни поени.
ДЕКОН ВИЛИЈАМС (ШКУПИ)
Конечно, дочека победа на неговата екипа кога тој игра добро. Но и место во идеалните пет на шестото првенствено коло. ВО победата против Тиквеш Голден Игл, реализираше дабл-дабл ефект. Односнпо за 38:23 минути постигна 21.поен (9/11 за два и 3/4 за еден поен), на кои додаде и 13.скока (пет офанзивни), плус и три успешни додавања, три загубени, две освоени тошки и исто толку блокада, за индекс 34.
МИЛОШ КОПРИВИЦА (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)
Му недостасуваше еден скок за да дојде до двоен ефект во трилер-мешот против екиата на Гостивар. И да го надополни одлично издание во кое за 25.проведени во игра, реализираше 22.поени, со само едне нереализиран обид од игра (10/11 за два поени) и максимално во оние вредни по еден поен (2/2). Имаше само една загубена топка пред да ја направи петтата лична грешка, сето тоа доволно за индекс 29.
КАРЕН ВИЛСОН (КОЖУВ)
Беше еден од тројцата играчи на гевгелискиот прволигаш кои дадоа најголме придонес во успехот против МКК Куманово. Скоро незабележително делува негпвиот краен ефект на овој меч. Односно 19.поени (3/6 за три, 2/3 за два и 6/6 за еден поен), шест асистенции, пет скока остварени за 36:10 минути, односно 26.индексни поени.
ПРВА ПЕТОРКА
Исаја Кели (Чаир 2030)
Никола Мишковиќ (Пелистер)
Декон Вилијамс (Шкупи)
Милош Копривица (МЗТ Скопје Аеродром)
Карен Вилсон (Кожув)
ВТОРА ПЕТОРКА
Стојан Ѓуроски (Работнички)
Брендон Слај (МЗТ Скопје Аеродром)
Ксавиер Родес (Гостивар)
Дерин Говенс (ТФТ)
Андрија Стевановиќ (Кожув)
*Петорките се правени според бројот на индексни поени