Од коло во коло Кирил Николовски ја потврдува својата форма. Низ натпреварите во Првата лига игра на репрезентативно ниво (доби повторен повик за настап во националниот тим).
Го докажа тоа крилото на Кожув и во дуелот со Еуро Никел 2005. Против својот некогашен клуб, реализираше висок дабл-дабл ефект. Изразен преку 28.поени, (9/16 во шутот од поле и 8/8 од линијата за слободни фрлња), дополнителни 14 скока (4 офанзивни) за 38:21 минута на теренот.
Со тоа го надмина учинокот на Ландриус Хортон од ТФТ. Едене од најконстантните играчи во елитната лига, имаше 29. индексни поени во победата над Ангели. Односно 18.поени, 10.скока и 6.асистенции.
Одлично беше и изданието на неговиот соиграч, Александар Костоски, кој со 21.поен беше прв стрелец, додаде и шест асистенции за исто толку минути поминати во игра.
До индекс 26 дотурка и Игор Кесар. Силното крило на Пелистер оствари 22.поени со висока реализација од 75% во шутот од дистанца, плус и осум скока за 24.минути во игра.
Најдобрите пет во шестото коло се заокружуваат со учинокот на Чез Вилијамс Бекот на Кожув го „поддржа“ својот клупски соиграч Кирил Николовски. Остана на теренот во текот на сите 40.минути на средбата со Еуро Никел 2005, реализираше 28.поени (12/17 од поле), осум додавања, два скока и три освоени топки. За индекс - 29!
ПРВА ПЕТОРКА
Кирил Николовски (Кожув) 38
Ландриус Хортон (ТФТ) 29
Чез Вилијамс (Кожув) 29
Александар Костоски (ТФТ) 26
Игор Кесар (Пелистер) 26
ВТОРА ПЕТОРКА
Обрад Томиќ (Еуро Никле 2005) 26
Ејасу Ворку (Гостивар) 22
Филип Бакоч (Н. Академија ФМП) 21
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром) 20
Исаја Мандерсон (МЗТ Скопје Уни Банка) 20