ФОТО: Џексон Пол на дуелот со Навико Академија ФМП
И дефинитивно, екипата на Работнички има повеќе шанси за победа кога во тимот игра Џексон Пол. Доказ плус за тоа беше и изданието на американскиот бек во дуелот против екипата на Навико ФМП Академија, на кој „црвено-белите“ дојдоа до „стотката“.
За 38.минути, Пол стигна до исто толку индексни поени. Постигна 35.поени, со скоро па перфектни 10/11 во шутот за два поени. Имаше и 2/5 од линијата за три поени, односно 9/12 за еден поен. На сето тоа додаде и осум асистенции, и по два скока, освоени односно загубени топки.
Конечно, кошаркарите на Еуро Никел 2005 ја прекинаа лошата серија на порази. Тоа го направија против дебитантот во друштвото на најдобрите Феникс 2010, а Обрад Томиќ го одигра можеби и најдобриот меч откако е во Кавадарци. Реализираше 23. поени, но имаше уште и 13. скока, 5 асистенции и две блокади за 34:52 минути во игра, за индекс 34!
Ејасу Ворку е веројатно и најстандардниот играч во лигата во овие седум кола. Играчот на Гостивар беше најдобар и на средбата со ТФТ која гостиварци ја решија со сигурна игра и резултатот.
Оствари одличен дабл-дабл ефект од 22.поени и 11.асистенции (плус три скока) за нецели 39.минути во игра, со кои собра 32.индексни поени!
Андреј Настовски го одигра веројатно и најдобриот свој натпревар како играч на Куманово 2009. Но таа негова игра не беше наградена со триумф против екипата на Кожув. Како и да е, потенцијалниот репрезентативец даде 29.поени, (6/6 за два,3/4 за три и 8/9 за еден поен), плус четири скока и едно додавање за нецели 32.минути.
Исаја Мандерсон беше најсветлата точка во играта на Ангели во дуелот против бранителот на титулата. Сепак, неговиот индивидуален ефект е доволен да се најде во идеалната петорка. Дојде до двоен скор од 25.поени и 10.скока, како и дополнителни три асистенции за 36:21 минути во игра. Односно одличен индекс од 31 поен.
ПРВА ПЕТОРКА
Џексон Пол (Работнички) 38
Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) 34
Ејасу Ворку (Гостивар) 32
Андреј Настовски (Куманово 2009) 31
Исаја Мандерсон (Ангели) 31
ВТОРА ПЕТОРКА
Недим Мустафица (Работнички) 29
Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 28
Љубомир Младеновски (Пелистер) 26
Александар Тодоровиќ (Гостивар) 25
Чаз Вилијамс (Кожув) 25