06.12.2021

Играчите на Работнички и на Пелистер реализираа по 42 индексни поени во овој круг од натпреварите

ПЕТОРКА НА 9. КОЛО: МВП признанието го делат Мустафица и Малешевиќ

Недим Мустафица од Работнички, и Никола Малешевиќ од Пелистер, се двајцата најкорисни играчи на деветтото првенствено коло во Првата лига-мажи.

Интересно, и двајцата дојдоа до 42 индексни поени во победите на нивните екипи против Кожув односно Ангели.

Босанскиот интернационалец постигна 27. поени, со висок процент на реализација во обидите од поле (11/13). Освен тоа имаше и 11.скока и 5. асистенции за 36.минути поминати на паркетот.

До идентичен број на индексни поени дојде и Никола Малешевиќ, кој на средбата со Ангели, во која неговиот тим реализира рекордни 142 поени, имаше ефект од 33.поени (12/13 за два поени), плус и девет скока, пет асистенции и по две освоени, односно загубени поени. Сето тоа за точно 30.минути на теренот.  

Сличен е и учинокот на неговиот клупски соиграч од Пелистер, Игор Кесар. Силното крило на лидерот на табелата запре на дабл-дабл од 25.поени и 10.скока, плус 4 асистенции за 28:43 минути на теренот.

Сето тоа доволно за индекс-39.

Еден од помалку имаше уште еден играч на Работнички. Џексон Пол дојде до бројката 38, откако на мечот против Кожув испорача дури 41. поен. Имаше високи 61% на реализација (13/21 од поле), како и четири скока и три асистенции за 36:22 минути на теренот.

Изборот на идеалната петорка се затвора со центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Роберт Рикиќ.

На средбата со ТФТ, високиот Хрват дојде до 28.индексни поени. Постигна 19.поени, (шут од игра, 9/15)  додаде уште 13.скока зз само 24.поени.

ПРВА ПЕТОРКА

Недим Мустафица (Работнички)        42

Никола Малешевиќ (Пелистер)          42

Игор Кесар (Пелистер)   39

Џексон Пол (Работнички)         38

Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром)         28

ВТОРА ПЕТОРКА

Кирил Николовски (Кожув)      28

Чаз Вилијамс (Кожув)     27

Димитар Караџовски (Пелистер)       27

Дејвид Хаутон (Пелистер)         27

Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 27