10.10.2023

Новиот играч имаше одличен индивидуален ефект на средбата со Вардар, но не беше доволно за конечен успех на неговиот тим

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Еден Рис малку за победа на Феникс...

Малку „чудно“ коло во поглед на изборот на играчи во иделните пет, ако се земе в предвид дека некои од нив се дел од екипите кои на крајот запишаа порази.

Но, со оглед на тоа дека во изборот како освен репер се зема бројот на индексни поени, извесно е дека ова второ коло од новата сезона го одбележа индивидуалниот скор на Џозеф Рис...

ЏОЗЕФ РИС (ФЕНИКС 2010)

Играчот на Феникс 2010, дојде до 41. индекс поен на средбата со Вардар на која неговата екипа на крајот беше поразена.

Но останува запишано дека за нецели 34.минути поминати на теренот, дојде до 27.поени. Со одлична реализација на шутот од поле, особено за два поени (11/15, односно 73%), дополнет со максимална реализација од линијата за слободни фрлања (5/5). Но и со остварени 15.скока (четири офанзивни), три освени топки, две загубени и исто толку успешни додавања до соиграчите.

МАЛКОМ БЕРНАРД (ПЕЛИСТЕР)

Доста сличен беше и неговиот настап на средбата на Пелистер против Работнички. Одигра поголем број на минути 38:35, време во кое реализираше 27.поени (4/7 за три, 4/10 за два и 7/8 за еден поен), дополнети со десет скока и седум асистенции, две загубени и една освоена топка. Се заедно за индекс 35.

ЛУКА ПЕТРОВСКИ (АКАДЕМИЈА ФМП)

Со оглед на тоа дека неговата екипа е во фаза на „екипирање“, извесно беше дека ќе добие многу поголем број на минути од оние кои вообичаено младиот бек, сега на Академија ФМП, ги добиваше во текот на изминатите сезони.

На гостувањето во Охрид, за 39.минути, направи дабл-дабл ефект изразен со 24.поени (2/6 за три, 8/12 за два и 2/3 од линијата за слободни фрлања. Но и 12. скока (два во напад), плус четири асистенции, четири загубени топки, една блокада и една освоена топка. Односно индекс 29, трет најдобар во овој круг од натпреварите.

РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ)

Високиот Хрват ги искористи своите сантиметри на средбата во Битола. Кога требаше, беше на своето ниво на задачата, и не само во оној дефанзивен сегмент, исто така значаен, беше многу блиску до двоен ефект. Затоа што освен 18.постигнати поени во беспрекорни (9/9) во обидите кои вредат по два поени), додаде и седум скока за неполни 22.минути, доволни за индекс 25.

МИЛОШ ВРАЊЕШ (ЕУРО НИКЕЛ 2005)

Новиот играч на екипата од Кавадарци одработи доста добро во дуелот со Кожув. За нецели 34.минути, дојде до дабл-дабл учинок кога станува збор за бројот на поените, односно скоковите.

Постигна 18.поени (1/4 за три, 6/6 за два и 3/5 за еден поен(. Но затоа пак придодаде и 13.скока, две блокади и три загубени топки. Доволно за 25.индекс поени, кои ги ставаат во изборот на идеалните пет.

ПРВА ПЕТОРКА

Џозеф Рис (Феникс 2010)         

Малком Бернард (Пелистер)

Лука Петровски (Академија ФМП)

Роберт Рикиќ (Работнички)

Милош Врањеш (Еуро Никел 2005)

ВТОРА ПЕТОРКА

Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Блажо Митков (Вардар)

Хусеин Бајрам (Вардар)

Алан Луис (ТФТ Моцарт)

Александар Костоски (Пелистер)

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени