Можеби ја игра последната сезона во кариерата, но тоа не му посмета на силното крило на Феникс 2010, да дојде до најдобар индивидуален ефект во деветтото првенствено коло
БОЈАН ТРАЈКОВСКИ (ФЕНИКС 2010)
Покажа дека сеуште е„фактор“ во играта на Феникс 2010 и на гостувањето во Охрид. А го потврди и со реализација на 35.поени, рекордни за него во оваа сезона. До нив дојде со неверојатно висока реализација, особено во обидите за три поени. Погоди седум тројки (од десет обиди), имаше слични (6/11) во оние кои вредат по два поени, и максимални (2/2) од линијата за слободни фрлања. Освен тоа допиша и седум скока, четири додавања, по една блокада и освоена и две загубени топки за 33:12 минути во игра. Доволни за индекс - 38
АНДРЕЈ МАСЛИНКО (ПЕЛИСТЕР)
Го држи својот „стандард“ практично од почетокот на лигата. Репрезентативното крило имаше уште една одлична вечер. На дуелот со Вардар дојде до 35.индексни поени.
За нешто повеќе од 27.минути на теренот, реализираше 26.поени (1/3) за три, (10/12) за два поени, и (3/5) за еден поен. Додаде и девет скока, четири успешни додавања до соиграчите, имаше и две блокади, и по една освоена, односно загубена топка.
ЏЕЈЛЕН ИНГРАМ (ГОСТИВАР)
Неговата нова одлична игра, за жал, не беше претворена во победа на средбата со Навико Академија ФМП. Американецот во редовите на Гостивар реализираше 32.поени (4/8 за три, 9/13 за два и 2/2 за еден поен), пет скока, четири асистенции, две загубени топки, една освоена, плус и една блокада за 35:26 минути во игра. Сето тоа заедно му донесе индекс-33.
ДЕМЕТРИК ТРАЈС (РАБОТНИЧКИ)
Крилото на Работнички „флертуваше“ со трипл-дабл ефект на гостувањето во Гевгелија. Освен што реализираше 21.поен, со 60% на успешност во обидите за два односно за три поени), и (6/7) од линијата за слободни фрлања, оствари и девет скока, имаше и седум асистенции, без ниту една загубена топка за 33:09 минути во игра. Или сето тоа преведено во индексни поени е еднакво на бројката 33.
ЏОЗЕФ РИС (ФЕНИКС 2010)
Крилото Феникс 2010 им се врати на добрите игри, и уште подобриот ефект, оној индивидуалниот. По „кратка пауза“ повторно беше на нивото на задачата. На гостувањето во Охрид го следеше својот соиграч во центарската линија. На крајот дојде до 27. реализации, со беспрекорна реализација во шутот од поле (11/11 за два поени) и 5/7) од линијата која означува еден поен. На сето тоа придодаде и седум скока, една освоена и две загубени топки за 29:12 минути поминати на теренот во салата „Билјанини извори“, за индекс 31!
ПРВА ПЕТОРКА
Бојан Трајковски (Феникс 2010)
Андреј Маслинко (Пелистер)
Џејлен Инграм (Гостивар)
Џозеф Рис (Феникс 2010)
Деметрик Трајс (Работнички)
ВТОРА ПЕТОРКА
Милош Врањеш (Еуро Никел 2005)
Омотао Огундиран (Навико Академија ФМП)
Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Ајрен Брукс (Навико Академија ФМП)
Лука Стојановски (Пелистер)
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени