Идеалната петорка на вториот круг од натпреварите во двете групи, Суперлигата односно Плеј-аут лигата, е составена од играчи кои се дел од онаа која се бори за опстанокот. Логично натпреварите во кои нема голем резултатски императив носат со себе многу порелаксирана игра.
Во тој стил поминаа и шесте натпревари, по три во двете конкуренции. А најдобриот индивидуален ефект сепак го има Филип Бакоч.
Крилото на Навико Академија ФМП комплетираше 38. индексни поени, макар што тоа не беше доволно за конечен успех на „лавовите“ од Кисела Вода.
За 37.минути на теренот, повремениот репрезентативец постигна дабл-дабл ефект изразен преку 28.поени (3/6 за три, 7/10 за два и 5/5 од линијата за слободни фрлања), 13. скока (4 офанзивни), три асистенции, по една блокада и освоена, како и две загубени топки.
Бекот на Куманово 2009, Андрија Марјановиќ постигна најмногу поени во ова второ коло од плеј-аут лигата - реализираше 33!
Во дуелот со Ангели кои кумановци го решија во своја корист. Имаше (4/9 за три, 6/13 за два и 9/14 за еден поен), како и по четири скока и четири асистенции за 38:55 минути во игра. Сето тоа за индекс 25, каков што остварија уште двајца кошаркари, Стефан Балмазовиќ од Работнички и Намди Оконкво од Кожув.
Искусниот српски шутер погоди шест тројки (од 11 обиди), доста успешен беше и во обидите за два поени (3/5), а за 33.минути во игра, ги погоди и двете слободни фрлања, имаше и седум скока, една асистенција и две загубени топки.
Оконкво игра стандардно добро за екипата од Гевгелија, макар што против Работнички тоа се покажа како премалку за успех на гостински терен. Постигна дабл-дабл од 12. поени (6/8 за два поени) и 13.скока, пет блокади по една асистенција и украдена и три загубени топки, за 35:51 минута.
Најмлад во оваа висока конкуренција е Карло Блажевски. Младиот бек на МЗТ Скопје Уни Банка беше еден од најзаслужните за третата победа на неговата екипа во сезоната. Против Навико Академија ФМП постигна 16.поени, со само еден нереализиран обид од поле, и од линијата за слободни фрлања. А освен четирите асистенции имаше и неверојатни шест украдени топки – доволно за индекс-23, реализиран во 19:50 минути на теренот во салата „Независна Македонија“во Скопје.
ПРВА ПЕТОРКА
Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) 38
Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 25
Стефан Балмазовиќ (Работнички) 25
Намди Оконкво (Кожув) 25
Карло Блажевски (МЗТ Скопје Уни Банка) 23
ВТОРА ПЕТОРКА
Бобан Стајиќ (Пелистер) 21
Валмир Какруки (Работнички) 21
Грифин Раме (Ангели) 21
Мајкл Набузор (ТФТ) 21
Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) 18
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени