07.02.2023

Американскиот бек имаше уште едно одлично индивидуално издание, за нов успех на екипата од Гевгелија

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Гордон го турка Кожув кон плеј-офот,  а Трајковски Феникс 2010 во првата „четворка“

Потврда плус испрати Мајрон Гордон, дека во овој момент е лидер на Кожув на патот кон обезбедување место во првата „осумка“ која ќе продолжи во плеј-офот.

МАЈРОН ГОРДОН (КОЖУВ)

Беше ефикасен и на средбата против Куманово 2009, и над својот поентерски просек. Запиша 31 поен (9/11 за два поени и 10/10 од линија за слободни фрлања). Но освен тоа додаде и 13 асистенции, и два скока за 34:21 минути, и индекс- 41, повторно најмногу во едно првенствено коло.

ЕРИК НОТИЏ (РАБОТНИЧКИ)

Иако во вечното дерби „влезе“ од клупата за резервни играчи, тоа не му посмета да биде главната причина што Работнички имаше шанса да го добие вечното дерби во СЦ „Јане Сандански“.

Американецот остана 34:25 минути на теренот, дојде до учинок од 31.поен (6/8 за три, 6/8 и за два поени, и 1/2 од линијата за слободни фрлања). Допиша уште шест скока, четири украдени топки, две асистенции и две загубени топки и индекс 36                    

БОЈАН ТРАЈКОВСКИ (ФЕНИКС 2010)

Второ коло по ред, искусното крило за малку не стигнува до признанието за најкорисен играч. И на средбата со Струмица 2022 потврди дека сеуште многу работи во екипата на Феникс 2010 зависат токму од неговите индивидуални способности.

Ги презентираше преку реализација на 30 поени (4/10 за три, 6/12 за два и 6/6 за еден поен), дополнети со 12 скока и 7 асистенции. Му недостасуваа само уште три успешни додавања за троен ефект, но доволно за 33 индексни поени

БРЕДЛИ ОБИКВЕЛИ (СТРУМИЦА 2022)

Во својот прв натпревар како играч на Струмицс 2022 покажа квалитет на кој ќе се потпре новиот тренер Јорданчо Давитков во продолжението од сезоната во која се бара патот кон опстанокот во друштвото на најдобрите.

За 28:20 минути, постигна 30 поено (4/5 за три, 7/10 за два и 4/6 за еден поен), плус и пет скока и една асистенција, или индекс – 31.  

ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)

Капитенот на машката сениорска репрезентација пак беше главната „причина“ што шампионот го одбрани домашниот терен во дуелот на вечните ривали.

Едноставно МЗТ Скопје Аеродром не може да се замисли без Војдан Стојановски. Кога требаше, тука беше, погодуваше. На крајот, застана на бројката од 26 реализирани поени (4/9 за три, 4/6 за два и 6/6 за еден поен). Освен тоа искусниот бек имаше и пет скока, четири асистенции, една освоена и две загубени топки за 35:28 минути во игра, доволно за индекс-27.  

ПРВА ПЕТОРКА

Мајрон Гордон (Кожув)

Ерик Нотиџ (Работнички)         

Бојан Трајковски (Феникс 2010)        

Бредли Обиквели (Струмица 2022) 

Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

ВТОРА ПЕТОРКА

Амар Хот (Феникс 2010)

Рамо Ризвиќ (Кожув)

Домен Братож (Кожув)

Гиорги Корсантиа (Гостивар)

Андреј Митревски (Феникс 2010)

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени