11.04.2023

Ново одлично индивидуално издание на американскиот бек во ростерот на Кожув.

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Кој друг ако не, Мајрон Гордон!

Овојпат доволно екипата од Гевгелија да направи пресврт во мечот со Гостивар и да стигне до важна победа, за поткревање на самодовербата пред почетокот на плеј-оф натпреварите.

МАЈРОН ГОРДОН (КОЖУВ)

Американскиот бек во екипата на Кожув имаше уште едно одлично индивидуално издание. На средбата против Гостивар, која гевгеличани ја решија во своја корист со пресврт во последните неколку минути, Мајрон Гордон реализираше 38.поени (2/5 за три, 11/17 за два и 10/10 од линијата за слободни фрлања), а додаде и три асистенции, два скока, три освоени и две загубени топки, за нешто повеќе од 35.минути во игра. Односно 36. индексни поени, најмногу во овој 21. круг од натпреварите.

ГИОРГИ КОРСАНТИА (ГОСТИВАР)

За жал, неговата нова добра ол-раунд игра, не му донесе резултат на Гостивар на гостувањето во Гевгелија. Грузиското крило оствари уште еден двоен ефект во оваа сезона. Реализиран преку 19.поени (8/10 за два и 3/4 за еден поен), како и 13 скока (пет офанзивни), имаше и три загубени топки, и по една асистенција и блокада за 36:38 минути.

Преведено во индексни поени – вкупно 28.

БРЕДЛИ ОБИКВЕЛУ (СТРУМИЦА 2022)

Уште еден играч со дабл-дабл ефект во ова коло од Првата лига. Но исто како и во случајот со Корсантија, без вистински, краен ефект за тимот во кој игра.

На средбата во Куманово, Обиквелу запиша 20.поени (2/4 за три, 6/8 за два и 2/2 за еден поен), како и 13. скока, но и три загубени топки, една асистенција и една блокада. И висок индекс -28

ЕРИК НОТИЏ (РАБОТНИЧКИ)

Не му посмета на Ерик Нотиџ како резервен играч да биде најкорисниот играч на Работнички на нималку лесно гостување во Кавадарци. Напротив, имаше одлични 27:29 минути на паркетот во „Јасмин“. Во победата на „црвено-белите“ учествуваше со одлични бројки. Имаше 14.поени (4/6 за два и 6/6 за еден поен), но и девет асистенции, еден скок, и високи седум освоени топки за 26 индексни поени.

ФИЛИП БАКОЧ (РАБОТНИЧКИ)

Вториот, и тоа како важен „фактор“ во победата на тимот од „Градски парк“ во Кавадарци. Крилото на Работнички против некогашниот свој клуб дојде до учинок изразен со 14.поени (2/3 за три и 4/5 за два поени), како и седум скока, три успешни додавања за 33.минути во игра. Доволни за индекс-25, за место во идеалните пет во претпоследното коло од регуларниот дел на сезоната.

ПРВА ПЕТОРКА

Мајрон Гордон (Кожув)

Гиорги Корсантиа (Гостивар)

Бредли Обиквелу (Струмица 2022)

Ерик Нотиџ (Работнички)

Филип Бакоч (Работнички)

ВТОРА ПЕТОРКА

Ѓорѓе Џелетовиќ (Работнички)

Стефан Крстајиќ (Струмица 2022)

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Рамо Ризвиќ (Кожув)

Јован Александровски (Чаир 2030)

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени