Колото број 20 донесе навистина неколку одлични индивидуални изведби. Рекордни 12 тројки, нов трипл-дабл ефект, одлични играчки настапи на играчи од оној репрезентативен калибар.
БРЕВИН ГАЛОВЕЈ (ЧАИР 2030)
Навистина една од најдобрите индивидуални изведби во текот на оваа сезона. Особено импресивни беа оние 8/8 во шутот за три поени во првото полувреме од дербито со МЗТ Скопје. До крајот на натпреварот уфрли уште четири, заврши со 12/16 од таа позиција, односно неверојатни 75%.
Сето тоа заокружено со реализација на 40.поени (уште 2/3 за два), но и седум скока, три освоени топки, две асистенции, и пет загубени топки за 36:34 минути, односно 42 индексни поени, најмногу во овој круг од натпреварите!
ЏЕЛЕЈН ИНГРАМ (ГОСТИВАР)
Продолжи со добрите игри и на гостувањето кај Навико Академија ФМП. Забележа одлични бројки во победата која го остава неговиот тим во плеј-оф зоната. За скоро 38.минути во играта, реализираше 28.поени (3/5 за три, 6/9 за два и 7/8 за еден поен). На тоа додаде и девет скока, пет асистенции, бо една блокада и освоена топка, и три загубени.
За доста висок индекс на корисност – 35.
МАЈК АНДЕРСОН (ОХРИД)
„Експлозија“ во вистинско време, па и на вистинско место. Доволна за Охрид да дојде до првата победа на гостински терен во оваа повратничка сезона во Првата лига. Мајкл Андерсон влез во високото друштво на нашата прволигашка кошарка, како еден од ретките со т.н. „трипл-дабл“ ефект.
Во победата против Феникс 2010 на гостински терен, стигна до 23.поени (10/18 за два и 3/6 за еден поен). Освен тоа, оствари и десет скока, имаше и десет асистенции, една освоена и две загубени топки за 38:30 минути во игра, за индекс 31, и место во идеалните пет на колото број 20.
БОЈАН ТРАЈКОВСКИ (ФЕНИКС 2010)
Имаше одличен опонент на другата страна од теренот. Но искусното крило на Феникс 2010 во најголем дел од мечот немаше вистинска поддршка од соиграчите. Особено тоа се однесува за првото полувреме во кое охриѓани и ја направија клучната предност вредна два бода.
Одигра дури 37:40 минути, реализираше 26.поени (2/7 за три поени, 7/14 за два и 6/9 за еден поен). На тоа доаде и 13. скока, но и шест додавања, две загубени и една освоена топка, кои на крајот формираат индекс 30.
АНДРЕЈ МАГДЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Ол-раунд издание на репрезентативниот бек на гостувањето кај Вардар. Со оглед на тоа дека битолскиот прволигаш беше без услугите на Александар Костоски, мораше да одигра и поголем број на минути. Во овој случај повеќе од 35. Дојде до ефект од 20.поени (3/5 за три,3/4 за два поени и максимални 5/5 од линијата за слободни фрлања).
Покрај тоа, имаше и седум асистенции, пет скока, и по две освоени, односно загубени топки – и индекс 29!
ПРВА ПЕТОРКА
Бревин Галовеј (Чаир 2030)
Џејлен Инграм (Гостивар)
Мајкл Андерсон (Охрид)
Бојан Трајковски (Феникс 2010)
Андреј Магдевски (Пелистер)
ВТОРА ПЕТОРКА
Кристофер Остен (Гостивар)
Андреј Маслинко (Пелистер)
Јуре Планиниќ (Пелистер)
Тајрон Лајонс (Охрид)
Роберт Рикиќ (Работнички)
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени