Понекогаш, одличните индивидуални изданија не се доволни за тимски успех. А еден таков случај беше забележан на средбата од ова седмо коло, онаа во Гостивар, каде кошаркарот на гостинската екипа – Чаир 2030, Тајр Корбет дојде до уште едно извонредно индивидуално остварување, но на крајот не беше доволно за чаирчани да ја продолжат победоносната серија во шампионатот.
ТАЈР КОРБЕТ (ЧАИР 2030)
Крилото на чаирчани дојде до индекс 42, најмногу во ова коло, интересно, му беа потребни сите 40.минути поминати на теренот во салата „Младост“ во Гостивар.
Период во кој реализираше 36.поени (1/2 за три, 13/19 за два, и 7/10 за еден поен), имаше дури 17.скока (седум од нив офанзивни), но две асистенции, една блокада, и четири загубени топки.
СТЕФАН ГЛИГОРИЈЕВИЌ (ЕУРО НИКЕЛ 2005)
Делуваше некако „незабележливо“ на средбата во која екипата од Кавадарци стигна до убедлив триумф над Охрид. Извесно, не играше многу нецели 15.минути. Но и тоа време му беше доволно да реализира дабл-дабл скор. Односно да уфрли 16.поени (5/6 за два поен и 6/7 од линијата за слободни фрлања), да оствари и десет скока (четири офанзивни), да има и две освоени топки, една асистенција и една блокада – за индекс 27.
ЏЕЈЛЕН ИНГРАМ (ГОСТИВАР)
Не му одеше добро во шутот за три поени (1/6 од таа позиција), но затоа пак имаше висок процент на реализација во обидите за два поени. На средбата со Чаир 2030 реализираше 10 од 13 обиди, а беше и максимален од линијата за слободни фрлања (3/3). Освен тоа имаше и шест скока, три асистенциим четири освоени топки, и пет загубени за максималните 40. минути поминати во игра. Или се заедно за индекс-27.
БОБАН СТАЈИЌ (РАБОТНИЧКИ)
Тоа што треба да го прави „во служба на колективот“, репрезентативниот бек го направи на гостувањето кај Н. Академија ФМП. Изгледаа(т) неверојатни оние негови 11. успешни додавања до соиграчите, на кои додаде и исто толкав број на реализации. Имаше и пет скока, две освоени топки и една загубена за 28:35 минути во игра, односно 25. индексни поени.
ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)
Тепко одат работите во Аеродром доколку Војдна Стојановски не е во тимот. „Потврда плус“ за негвото влијание во играта дојде и на средбата со Феникс 2010. Репрезентатовнито капитен беше уште еднаш на ниво на својата работна задача. Му донесе уште една победа на шампионот. Кога требаше, кога не одеше како што треба, „беше тука“... Одигра скоро 35.минути во кои реализираше 20.поени (1/6 за три, 5/8 за два и 7/7 за едне поен), но и седум скока и четири асистенции, плус и една освоена, ниту една загубена топка – и индекс 24!
ПРВА ПЕТОРКА
Тајр Корбет (Чаир 2030)
Стефан Глигоријевиќ (Еуро Никел 2005)
Џејлен Инграм (Гостивар)
Бобан Стајиќ (Работнички)
Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
ВТОРА ПЕТОРКА
Стојан Ѓуроски (Работнички)
Тајрис Вилијамс (Гостивар)
Роберт Рикиќ (Работнички)
Џозеф Рис (Феникс 2010)
Кристијан Столески (Охрид)
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени