01.11.2022

Грузискиот интернационалец оствари висок дабл-дабл во дуелот со Работнички, и највисок индекс во 4.првенствено коло

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Корсантиа стандардно добар, ги чува гостиварци на лидерската позиција

(ФОТО-Гостиварпрес) Гиорги Корсантиа (Гостивар) имаше најдобри броки во 4. коло од Првата лига

Гиорги Корсантија продолжи со добрите игри на почетокот на новата сезона. Така и беше на средбата против Работнички, која гостиварци ја решија во последниот период од играта

ГИОРГИ КОРСАНТИА (ГОСТИВАР)

И во минатото коло беше во идеалната петорка, но во „втор план“ беше неговиот ефект, по оној неверојатниот кој го имаше Стаменковиќ од Струмица. Добриот ритам Грузиецот го задржа и во четврттиот круг. Дојде до двоен ефект изразен преку 22.поени и 17.скока. Со 53% на успешност во обидите за два поени (8/15), имаше и 6/7 од линијата за слободни фрлања. Освен тоа имаше и две асистенции, две загубени топки и една блокада за 36:46 минути во игра.

И 35. индексни поени, најмногу во ова коло.  

СЕАД ХАЏИФЕЈЗОВИЌ (ПЕЛИСТЕР)

Од коло во коло покажува дека ќе биде носител на играта на вицешампионот. И во ова коло силното крило на Пелистер покажа дека со него во екипата е се сосема поинаку. Против Струмица 2022, застана на бројката од 31.реализиран поен) со сите точни обиди за два поени (9/9) и половична реализација (4/8) за три поени. Дополни со четири скока и три асистенции, сето тоа за нецели 30.минути на теренот, и индекс - 34

КАМЕРОН ФОРТЕ (РАБОТНИЧКИ)

Прв натпревар за него во дресот на Работнички и веднаш најдобри статистички показатели, оние кои се мерат со индекс поени.

На гостувањето во Гостивар го одигра скоро целиот меч. А финишираше со реализација на 26.поени (13/22 за два поени), 13.скока (четири од нив офанзивни), четири асистенции, пет освоени и шест загубени топки, доволно за индекс-33.

ЈУСУФ МОХАМЕД (ЧАИР 2030) 

Нова, негова стандардно добра игра, но без резултатски ефект за екипата во коај настапува. Чаир 2030 загуби на гостувањето во Гевгелија, но Американецот продолжи во исто, високо реализаторско темпо.

Има најмногу реализации во овој круг на првенството 31 (исто како и Хаџифејзовиќ), до кои дојде со висоак реализација во обдиите од поле, 2/4 за три и 8/12 за два поени), погоди девет слободни флрлаа (од 14.обиди), но имаше и 13.скока (четири офанзивни), една асистенција, една освоена и четори загубени токи за 33:12 минут, и индекс-31

ДОНТАЈ КАРУТЕРС (ПЕЛИСТЕР)           

Звучи помалку неверојатно, но е вистинито. Ги погоди сите десет обиди вредни по два поени, без промапување. Имаа само еден нереализиран обид за три поени, а имаше и три точни обиди од линијата за слободни фрала во 25:25 минути кои ги одигра против екипата на Струмица 2022. Додаде и шест додавања до соиграчите, а имаше уште и три скока,  по две освоени, односно загубени топки.

ПРВА ПЕТОРКА

Гиорги Корсантиа (Гостивар)   35

Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер)           34

Камерон Форте (Работнички)  33

Јусуф Мохамед (Чаир 2030)     31

Донтај Карутерс (Пелистер)     31

ВТОРА ПЕТОРКА

Мајрон Гордон (Кожув) 30

Александар Штерјов (Кожув)  22

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)           21

Светозар Стаменковиќ (Струмица 2022)     21

Лувејн Пипкинс (Гостивар)       20

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени