24.04.2023

Последниот 22. круг од пренството, во знакот на бековите, за издвојување е играта на Американецот во Навико Академија ФМП

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Мексвејн не знаеше да промаши...

Во 22. коло „двои“ само ефектот на „високиот“ Корсантиа, кој направи уште еден дабл-дабл, и му помогна на Гостивар да дојде до уште еден првенствен успех...

МАСК СМИТ МЕКСВЕЈН (НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП)

Американецот прикажа уште една одлична индивидуална игра во дресот на Навико Академија ФМП, но тоа не беше доволно за победа на екипата од Кисела Вода против Еуро Никел 2005.

Одигра повеќе од 34.минути во кои реализираше 32.поени. Но она што е импресионирачки, без ниту едно промашување од игра. Ги погоди трите обиди за три поени, и сите десет кои вредат по два, а освен тоа беше точен и во реализацијата на три слободни фрлања. На сето тоа имаше и седум скока, две асистенции, две освоени и четири загубени топки. Доволно за 39 индексни поени, најголем скор во последното коло од регуларната фаза од првенството.

ГИОРГИ КОРСАНТИА (ГОСТИВАР)

Нова добра, ол-раунд игра на грузиското крило во екипата на Гостивар. Сега и повеќе од доволна за да се потврди супериорноста на гостиварските „сино-бели“ пред своите гледачи во салата „Младост“.

Грузиецот оствари уште еден двоен ефект во оваа сезона. Реализиран преку 24.поени (1/1 за три, 8/13 за два и 5/7 за еден поен), како и 16. скока (четири офанзивни), пет асистенции, а имаше и по една освоена и загубена топка за 34:20 минути на теренот. Преведено во индекс – 38, интересно, идентичен како и во претходното коло.

ДАВЕЛ РОБИ (ЧАИР 2023)

Еден од творците на особено важниот триумф на гостувањето во Струмица, по кое скоро извесно, дебитантот во друштвото на најдобрите ќе го задржи својот статус на прволигаш.

Остана на теренот скоро во целиот тек на играта во „Парк“. И тоа не му посмета да запише 28.поени (4/8 за три, 4/8 за два и 8/10 за еден поен), и да придодаде уште и осум успешни додавања, шест скока, и по една освоена односно загубена топка, и 32. индексни поени.  

ВИКТОР ТАШОВСКИ (ТФТ MOZZART)

Доби многу поголем играчки простор на дуелот со Куманово, и тоа повремениот македонски репрезентативец го искористи. На начин што за 36:28 минути поминати на теренот, дојде до учинок од 18.поени (4/7 за три, и 3/5 за два поени), но и девет асистенции, пет скока. И одлични, 27. индексни поени, доволно за место во идеалната петорка на 22.коло.

БОБАН СТАЈИЌ (ПЕЛИСТЕР)

Беше играчот кој го врати Пелистер во игра за победа на дерби-дуелот со МЗТ Скопје во Аеродром. Но на крајот, „зелено-белите“ не дојдоа до победата на гостувањето кај бранителот на титулата.

Но без оглед на тоа, македонскиот репрезентативец имаше одличен индивидуален настап во СЦ „Јане Сандански“. Го заокружи со 22.поени (4/9 за три, 5/8 за два поени), како и девет завршни пасови, два скока, четитри освоени, но и четири загубени топки за конечен иденкс-26.

ПРВА ПЕТОРКА

Маск Смит Мексвејн (Навико Академија ФМП)

Гиорги Корсантиа (Гостивар)

Давел Роби (Чаир 2023)

Виктор Ташовски (ТФТ Mozzart)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

ВТОРА ПЕТОРКА

Јован Александровски (Чаир 2030)

Дупре Мекбрер (ТФТ Mozzart)

Марко Симоновски (ТФТ Mozzart)

Андреј Митревски (Феникс 2010)

Киандре Кук (МЗТ Скопје Аеродром)

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени